ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу, тој повикува меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата

April 11, 2024 23:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Бруталното приведување на новинарот Фуркан Салиу: Не можам да дишам! Фото. скриншот

Бруталното приведување на новинарот Фуркан Салиу: Не можам да дишам! Фото. скриншот

Министерството за внатрешни работи денeска поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на ПорталХ Фуркан Салиу. Салиу и уште едно лице се осомничени за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

-Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот за кој прашувате, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од КЗ, потврдија за МИА од МВР.

Новинарот Салиу на неговиот фејсбук профил објави дека бил информиран за кривичната пријава.

-Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период, вели Салиу кој воедно ги повикува релевантните институции и меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата.

„Тошковски, зарем вака сакате да бидете запаметени? Покажавте човечност на последната конференција за медиуми и си реков овој навистина немал поима што се случува во Коњаре, но последните ваши постапки навистина ме тераат да размислам два пати. Од ова вие направивте личен конфликт. Ова веќе е помеѓу Фуркан Салиу и Панче Тошковски само што вие имате цел еден државен апарат во рака а јас само еден микрофон.

Вие имате цела партиска структура која што е зад вас во борба против екипа од 5 млади дечки. Но ние имаме само една мала предност… Вистината и народот“, објави Салиу на Фејсбук.

Салиу заедно со уште две лица беше брутално уапсен на 7 април за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“ во Средно Коњаре дека нападнал припадници на Единицата за брзо распоредување додека интревенирале пред крајот на натпреварот да дојде до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. МВР тогаш објави и дека при претрес на возилото на новинарот, кое во тој момент било управувано од друго лице, бил пронајден пиштол.

По разговорот во полициската станица Гази Баба, Салиу истата вечер беше пуштен на слобода.

Претходно, на трети април новинарот Фуркан Салиу приложи документ за план на ВМРО-ДПМНЕ за креирање лажни вести и наместени ТВ емисии.

„Во пресрет на претседателските и парламентарните избори оваа пролет, ВМРО ДПМНЕ ги запали своите пропагандни мотори. Се чини дека шемата е слична на она што сме навикнати да ја гледаме, а и јавниот сервис МРТВ е дел од неа“, пишува ПорталХ.

ПорталиХ наведува дека го поседува документот подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ, потпишан од Луке Галевски, Марија Андоновска, Ивица Грамбозов и Зоран Ставревски.

Новинарот Фуркан Салиу објави видео во кое приложи документ, како што наведува, од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предизборната пропагандистичката машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски. ПорталиХ дојде до изборниот оперативниот план на ВмроДпмне“, пишува во најавата на видеото објавено на Фејсбук на ПорталХ.

Првиот дел како што се наведува е насловен: Македонската радиотелевизија во служба на партијата.

Според Салиу, за помалку од два месеци од Оперативниот план, оваа „точка“ на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се реализирала токму на Јавниот сервис МРТВ преку емисијата „Објектив“.

„Планот предвидува дека дел од емисијата ќе бидат 3 опозициски аналитичари и еден поддржувач на власта. Во него се објавуваат анкети од Институтот ИПИС на Владимир Божиновски, додека планот предвидува Божиновски да биде „награден“ од општините со кои раководи ВМРО ДПМНЕ“, пишува ПортаХ.

ВМРО-ДПМНЕ ги негираше обвинувањата.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

Tags: МВРФуркан Салиу
Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Утврден изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на државата и за пратеници

НАЈНОВО

Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk