ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ЖЕШКА ПОЛИТИЧКА ЕСЕН: СДСМ битката ќе ја води на економски теми, ДУИ за легитимитет, а Мицкоски ќе ги „троши“ парите на Орбан

August 29, 2024 15:29
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оперативни проблеми, скандали меѓу коалициските партнери, проблеми во образованието – ова е почетокот на владеачкиот маратон на Владата на Христијан Мицкоски.

Што ако нема покачување на платите во образованието до 20 септември? Ќе штрајкуваат ли наставниците?

Од друга страна, Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата на Али Ахмети е во потрага по легитимитет, најавувајќи дека со протести ќе го радикализира своето политичко дејствување, додека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара економски и социјален напредок – теми за кои ВМРО ДПМНЕ не сака многу да се зборува.

На универзитетската професорка Ана Чупеска не ѝ е сосем јасна тактитака на ДУИ и нивната релација со ВМРО-ДПМНЕ т.е. нивна заедничка корпоративна историја, додека кај СДСМ забележува мало помрднување.

– Се уште не ми е сосем јасна тактитака на ДУИ, уште помалку па нивната релација со ВМРО-ДПМНЕ т.е. нивната заедничка корпоративна историја. А кај СДСМ, како што можам да зебележам има мало помрднување, но незначително. Очигледно дека им е потребно повеќе време за консолидирање, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Професорката се уште верува дека ќе се најде решение за состојбата во образованието, кое со години наназад е во катастрофална состојба и, како што нагласува таа: „овој прикажан ентузијазам на министерката ми дава извесна надеж за платите“.

– Верувам дека тие проблеми ќе се надминат. Но, сметам дека уште поголем предизвик за неа ќе биде високото образование: особено оние „приватните“ за кои знаеме како делат дипломи. Убаво се сеќавам дека во емисија на ТВ 24 вети дека тоа ќе биде нејзин фокус, и навивам за една таква сериозна ревизија во образованието, посебно дипломите, потенцира нашата соговорничка.

Политичкиот аналитичар Дритон Зенку смета дека власта мора да биде имуна на обвинувањата на опозицијата, но и опозицијата треба да биде коректна, особено во првите 100 дена од власта.

– Улогата на опозицијата треба да биде корективна кон власта, а власта да не се комплексира со обвинувањата што доаѓаат од опозицијата. Тоа се вредностите на демократскиот систем. Во ваква политичка битка, власта и опозицијата мора да постапуваат внимателно. Да не поттикнуваат насилни, деструктивни дејствија и да не предизвикуваат омраза и поделби меѓу граѓаните. Опозицијата мора да си ја врши работата, да ја следи власта чекор по чекор и да ги изнесува своите позиции. Есента нема да биде тивка од политички аспект, опозицијата бурно ќе ги изнесе своите ставови, вели Зенку за „Фронтлајн“.

Според него, СДСМ реши битката да ја води на економски теми, додека ДУИ и Европскиот фронт ќе се стремат да го канализираат своето делување во контекст на каузата за легитимитет.

– Мислам дека нема да има протести и не очекувам да има тензии на терен. Дебатата ќе се одржи во собранието, телевизиските студија и социјалните мрежи. Мислам дека политичкото триење нема да се префрли на улица, особено не во првите месеци од владеењето на оваа влада, подвлече тој.

Во првите денови од формирање на новата влада на Христијан Мицкоски, државата се задолжи кај унгарската влада на Орбан со кредит од милијарда евра.

Уставните измени што се „виза“ за понатамошното патување на државата на патот кон ЕУ – со различни политички изговори се одложуват, без притоа Владата да нуди излезен пат. Од друга страна и со Грција се влошени односите без никаква потреба неколку пати, почнувајќи со неупотребата на државното име од страна на највисоките државни функционери.

Највите дека нема да има од септември зголемување на платите за наставницте, како што е предвидено со закон, како и манипулациите со пензионерите дека ќе им се зголемат пензиите за 5.000 денари, го доведува новото парламентарно мнозиство да игра на картата „дестабилизација на државата“, но притоа за ова да ја обвинат опозициската ДУИ на Али Ахмети, која најавува протести од септември за, како што рекоа од Мала Речица, легитимноста на албанскиот глас.

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата на Илинденска број 2 одржана на 20 август со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, состојбата во судството и довербата на граѓаните во судскиот систем ја окарактеризира како безбедносна закана.

– Ако немате правна држава, владеење на право, ако имате високо ниво на криминал и корупција тоа е безбедносен проблем. Тоа го кажале многу поискусни од мене. Ние како Влада имаме основна задача да ја заштитиме државата и граѓаните доколку се појави безбедносен проблем. За нас невладеење на право, криминал, перцепција за корупција и елитите се безбедносен проблем за нашата држава и ние како Влада мора да реагираме. Во овој период ќе собираме предлози и идеи и потоа ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на ставот за распуштање на институциите Совет на јавни обвинители и Судски совет. Не очекуваме брзи резултати туку очекуваме напредок со кој ќе го превенираме овој безбедносен проблем, рече Мицкоски.

Од друга страна САД и ЕУ му изразија поддршка на Судскиот совет. Според нив, распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, ќе значи мешање во независноста на судската власт и ќе биде прашање за сериозна загриженост.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ана ЧупескаВиктор ОрбанВМРО-ДПМНЕдестабилизацијаДритон ЗенкуДУИСДСМ

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk