ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Бистро-Матно“ – водат Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети, ДКСК се соочува со сериозни предизвици во одржувањето на транспарентноста и отчетноста

September 4, 2024 11:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Транспаренси интернешнал (ТИ) ја објави листата на случаи и дејствија поврзани со коруптивно однесување и борба против корупцијата, во категоријата „Бистро -Матно“.

Во категоријата матни настани за месец август 2024 година на прво место е случајот на врховниот судија Наќе Ѓорѓиев зa примање поткуп и спогодбата со Обвинителството, додека во категоријата јасни настани за месец август, на прво место е кривичната пријава за злоупотреба на службената положба на в.д директор на општинското претпријатие Гази Бабе, под сомнение дека го оштетил буџетот на општината за 1.218.000 денари. Како други главни настани во категоријата турбулентни настани е случајот со членот на Јавното обвинителство, Иџет Мемети, кој ја призна вината и се согласи со обвинителството.

НАЌЕ ГЕОРГИЕВ ПРИФАТИ ТРИГОДИШНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА МИТО ОД 15.000 ЕВРА

Врховниот судија Наќе Георгиев се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Во истиот случај, спогодба со обвинителството склучи и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кој доби една година затвор условно и истата Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

ИЏЕТ МЕМЕТИ ПРИЗНА ВИНА И СЕ СПОГОДИ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Членот на Советот на јавни обвинители и поранешен Народен правобранител, Иџет Мемети признал вина за примање награда за противзаконито влијание и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за условна казна. Мемети доби и забрана за вршење на дејноста во наредните три години. Тој до Собранието поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители.

ДКСК СО ВРЗАНИ РАЦЕ: 826 ИНСТИТУЦИИ БЕЗ ДОСТАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ, МЕЃУ КОИ И 10 МИНИСТЕРСТВА

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се соочува со сериозни предизвици во одржувањето на транспарентноста и отчетноста во изборниот процес за 2024 година. Во својот најнов извештај, ДКСК алармира дека поради правни празнини во законската регулатива, Комисијата не може да покрене прекршочни постапки против оние кои не ги доставуваат потребните податоци. Она што е најзагрижувачко е фактот дека дури 826 институции не ги доставиле потребните информации, меѓу кои и 10 министерства. Ова укажува на сериозен недостаток на транспарентност и може да се интерпретира како обид за прикривање на потенцијални неправилности. Изборниот законик, исто така, е предмет на критика во извештајот. ДКСК укажува на слабости во правната и административната рамка, кои создаваат ризици за корупција.

Дестан Јонузи

Tags: корупцијаОтчетносттранспарентност
Next Post

Бројот на загинати во руското ракетирање на Лвив се зголеми на седум, меѓу кои и три деца

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk