+100.000
Во своето петгодишно работење, Фронтлајн ја надмина бројката од 100.000 објавени текстови. Во просек екипата од Првата линија објавувала околу 55 текстови дневно, поместени во повеќе од 20 различни рубрики.
3.005
На Фронтлајн од наши авторки и автори објавени се 3.005 колумни во рубриката ФРОНТ.
1.120
Во моментов може да се прочитаат 1.120 анализи за сите суштински теми што се однесуваат на нашата земја, на регионот и на светот.
297
На Фронтлајн има простор за сатира. Во рубриката АХА! досега се објавени 297 сатирични текстови.
3.279
Во културата нашиот придонес е со 3.279 содржини, од кои бројни интервјуа со истакнати уметници и културни работници од различни области од земјава и од странство.
2017
На Првата линија во МАГАЗИН читате секојдневни интересни случувања и од светот на филмот, музиката, модните настани и сцената. Објавени се досега 2.017 текстови.
1.140
За најновите достигнувања во науката, астрономијата и технологијата, со посебен акцент на вештачката интелигенција, во рубриката TECHFRONT ги почестивме нашите читатели со 1.140 содржини.
3.241
Спортските случувања од земјава и светот во рубриката СПОРТ, екипата на Фронтлајнн ги има покриено со 3.241 текстови.
583
Во рибриката РЕНДГЕН се пренесени 583 карикатури од светски и домашни автори.
4.712
На Првата линија се објавуваат вести, изјави, интервјуа, ставови и анализи за бруталната руска агресија против Украина. Во моментов, објавени се 4.712 содржини за оваа војна.
1.326
Со досега објавени 1.326 текстови во кои се разобличуваат дезинформациите, Фронтлајн дава постојан придонес кон борбата со ова современо зло.
Почитувани читатели, ова е наш, заеднички простор, во кој се бориме за јавниот интерес, за фактите и вистината, за слободата на мислата, за Човекот.
Фронтлајн почна со работа на 21 септември 2019 година, познат и како Меѓународен ден на мирот.
Ви благодариме што секојдневно ја изразувате вашата доверба преку пораки за поддршка и коментари и импресии на нашите канали на социјалните мрежи: Фејсбук, Инстаграм, Икс и Јутјуб.
Сите заедно, ние сме Првата линија!
Секогаш ваши,