ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Вкупно 201 случај на корона вирус кај нас, Скопје солидарно со Загреб по земјотресите, дезинфекција во Кисела Вода, упатство за користење ZOOM, телефонски линии за психо-социјална поддршка

Денот до 15,00 часот.

March 26, 2020 15:15
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРСТВОТО за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на корона вирус и тоа во Скопје (15), Куманово (четири), Дебар (два), Охрид (еден), Штип (еден), Тетово (еден), со што вкупниот број дијагностицирани пациенти со корона вирус денеска до 12 часот изнесува 201 лице.

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека земјава остварила голема победа со тоа што добила одлука за почеток на преговорите со ЕУ, нешто што, како што вели, 15 години не можела да го направи поради ветото на разни земји.

ОСМАНИ, на прес конференција денес соопшти дека согласно потребите на земјата за справување со пандемијата од корона вирусот, од ЕУ и помошта од меѓународните донатори ќе бидат обезбедени средства за поддршка на буџетот како и 55 аспиратори за Клиниката на инфективни болести и други потребни материјали

ГРАДОТ Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.

ВО соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД 19. 

ВО изминатото деноноќие, според евиденцијата на МВР, само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, а 37 биле приведени поради непочитување на забраната за движење.

МОБИЛНИ тимови организирани од општина Кисела Вода денес вршат прскање за дезинфекција во зградите во урбаните заедници Драчево и Расадник.

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА на Битола Наташа Петровска изврши увид на градежните активности и поставувањето на т.н. дезинфекциони корита за моторните возила кои влегуваат во градот Битола.

ЗАМЕНИК министерот Павлески рече дека заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија
Јованоски, вршат увид на дел од активностите кои локалната самоуправа ги
презема во справувањето со корона вирусот.

ВО поширокиот регион на Гостивар во трите околни општини има само еден случај на заболен од КОВИД 19. Лицето е згрижено во инфективното одделние во општата болница. Засега е со лесна клиничка слика.

НЕЕКСПЛОДИРАНА експлозивна направа од типот кашикара е пронајдена денеска пред затворот во Тетово. Бомбата е пронајдена од вработен во затворот а била оставена покрај неговото возило паркирано пред затворот.

ГЕНЕРАЛНИОТ директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Гебрејесус: „Барањето луѓето да останат дома и ограничувањето на движењето на населението претставува купување време и помал притисок врз здравствениот систем. Но, тоа само по себе нема да ја искорени епидемијата.“

СПИСАНИЕТО „Емитер“ дава свој прилог за подобра онлајн-настава со опширен напис и упатство за инсталација и користење на бесплатната апликација ZOOM.

ЗЕМЈОТРЕС со магнитуда од 7,5 степени по Рихтерова скала ги погоди денес Курилските острови близу Русија, и има опасност од цунами на бреговите.

ПОВЕЌЕ од половина милион Британци се пријавија доброволно да помагаат на Националната здравствена служба.

 

 

Next Post
Илустрација - Граничниот премин Липица меѓу Словенија и Италија

Шенгенски договор - 25 години отворени граници одбележани со спуштени рампи поради Ковид 19

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk