ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп оценува дека Путин дал „многу ветувачка изјава, но не целосна“

March 13, 2025 20:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин дал „многу ветувачка изјава, но не целосна“ и нагласи дека е подготвен да разговара со него за да обезбеди прекин на огнот во Украина.

– Се надевам дека Русија ќе го направи вистинскиот чекор, потенцираше Трамп на заедничката прес конференцијата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа.

– Ќе обезбедиме Русија да не ги нападне сојузниците на САД, рече тој, истакнувајќи дека не верува дека Русија би презела таков чекор. – Тоа нема да се случи. Ќе се погрижиме да не се случи, нагласи Трамп.

Сериозни преговори за мир

Трамп го започна состанокот во Белата куќа со добредојде за генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кого го нарече пријател. Тој рече дека ќе разговараат за ситуацијата во Украина и Русија, нагласувајќи дека „во моментов има луѓе кои водат сериозни преговори во Русија“.

– Како што знаете, Украина се согласи, под услов на она што денеска се случува, на целосен прекин на огнот, и се надеваме дека Русија ќе го направи истото, рече Трамп.

Руте, пак, нагласи дека европските земји значително ги зголемиле издвојувањата за одбрана, но додаде дека „мора да направиме повеќе“, вклучувајќи и зголемување на производството на оружје.

– Не правиме доволно, ниту во САД, ниту во Европа, и заостануваме во споредба со Русите и Кинезите, изјави Руте.

Тој го пофали Трамп за „пробивањето на ќорсокакот“ во однос на Украина.

Трамп, пак, зборуваше за НАТО и за тоа како членките треба да преземат поголема одговорност за финансирањето на Алијансата, повторно фалејќи ја Полска за тоа што троши над договорените цели.

– Кога реков ‘Нема да ве штитиме ако не плаќате’, добив критики, но да не го кажев тоа, никој немаше да плаќа, изјави тој.

Трамп: Преговорите со Путин се во тек

Претседателот Трамп повторно се осврна на ситуацијата во Украина и Русија, велејќи дека добива информации дека „работите во Русија одат добро, но тоа ништо не значи додека не го видиме конечниот исход“.

– Во моментов се водат многу сериозни преговори со претседателот Путин и другите, и се надеваме дека сите сакаат да заврши овој кошмар. Очекуваме денеска да бидеме во добра позиција за да добиеме појасна слика, изјави американскиот претседател.

Трамп откри и детали од преговорите за примирје, велејќи дека биле дискутирани бројни теми.

– Сакаме да видиме прекин на огнот од страна на Русија. И не работевме во мрак. Разговаравме за украинската територија, за тоа кои делови ќе се задржат, кои ќе се изгубат, како и за сите други елементи на конечниот договор. Вклучена е и една електрана, многу голема електрана. Кој ќе ја добие електраната, кој ќе добие што? Ова не е лесен процес. Но, првата фаза е прекин на огнот, изјави Трамп.

Тој додаде дека се разговарало за територијалните концепти бидејќи „не сакате да губите време на прекин на огнот ако тој нема да значи ништо“.

– Затоа велиме: гледајте, ова може да го добиете, а ова не можете. Разговаравме и за НАТО и за членството во НАТО. Одговорот го знаеме веќе 40 години, бидете реални. Значи, многу детали од конечниот договор веќе се разгледани. Сега ќе видиме дали Русија ќе биде дел од тоа. Ако не, тоа ќе биде многу разочарувачки момент за светот, рече Трамп.

Оптимизам за договор, но без гаранции

Говорејќи за првата реакција на Путин, Трамп повтори дека изјавата била „многу ветувачка, но не целосна“ и додаде: Би сакал да се сретнам со него или да разговараме, но ова мораме да го решиме брзо.

Трамп одговараше и на новинарско прашање за НАТО, при што ја искористи можноста да го пофали Руте за неговите напори во јакнењето на Алијансата.

– НАТО оди во подобра насока благодарение на овој човек. Тој знае како да ги подигне работите на повисоко ниво. Имаме истата цел – сакаме војната да заврши, а тој ја врши својата работа. Тој знае како да заврши добра работа, тоа е сигурно. Затоа се борев да ја добие оваа функција, бидејќи имаше и други кандидати кои, верувајте ми, немаше да ја завршат добро работата, изјави Трамп.

Тој потоа повтори дека САД трошат премногу на одбраната, иако се „од другата страна на океанот“. Сепак, додаде дека новиот договор за минерали со Украина ќе донесе „нешто за возврат, и тоа многу“.

На крајот, Трамп се обиде да внесе оптимизам: Мислам дека ќе се случат добри работи. Навистина мислам.

Тој беше прашан и за своето влијание врз Русија, нагласувајќи дека „има моќ во преговорите“, но дека не сака да зборува повеќе за тоа бидејќи разговорите сè уште траат.

„Се надевам дека Русија исто така ќе постигне договор. … Не мислам дека ќе се вратиме на војната. Навистина верувам дека ако постигнеме мировен договор, договор за прекин на огнот, тоа би можело да доведе до траен мир, рече Трамп.

– Не мислам дека некој повторно сака војна. … Ако претседателот Путин се согласи на примирје, мислам дека ќе бидеме во одлична позиција да го спроведеме, вели Трамп.

Тој потсети дека ја зајакнал американската поддршка за Украина и го „спречил“ гасоводот Северен тек 2.

На прашањето дали НАТО-сојузниците треба да се плашат од руската агресија, Трамп беше категоричен: – Не, мислам дека не треба.  – Кога ова ќе се реши, ќе биде готово. Сите ќе сакаат да се вратат дома и да се одморат, заклучи Трамп.

Прочитајте и..

Путин е подготвен за прекин на огнот, но бара „гаранции“ со кои Украина ќе се лиши од помош

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Војна во УкраинаПутинРутеТрамп

НАЈНОВО

Штипска апелација ја отфрли жалбата на Фадил Зејнелов, кој е осуден на доживотен затвор за убиството на Емилија Пешова

May 9, 2025

Навики што создаваат јаз во врската

May 9, 2025

ЕК обезбеди дополнителни три милијарди евра за спроведувањето на Пактот за миграција и азил

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk