ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Официјално, полноправна членка на НАТО, одложување на кредитни рати до есен, нови 18 случаи на корона вирус, вкупно 219, Борис Џонсон позитивен на Ковид-19…

Преглед на вестите во 15,00 часот.

March 27, 2020 15:12
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче објави на социјалните мрежи дека денес, 27 март, евидентирани се 18 нови случаи на корона вирус во земјава, со што бројот се зголеми на 219.

СЕ очекува Северна Македонија денеска до американскиот Стејт Департмант да го достави ратификуваниот Протокол за членство во НАТО, со што земјата и официјално ќе стане 30-та членка на Алијансата, објави американскиот портал специјализиран за одбранбени прашања „Дефенс Њуз“.

КРИЗАТА предизвикана од корона вирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години после распадот на берзите и финансиските импликации што ги имаше врз банките во Америка кога се прелеа низ целиот свет, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

ОДЛОЖУВАЊЕ на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите.

МИНИСТЕРСТВОТО за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

КОЛУМНА на Сашо Ордановски: „Мој длабок наклон, храбри дами!“

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Шилегов и Град Скопје известуваат за ангажираноста на градските служби и посебно за тимовите од Црвениот крст на Град Скопје кои вршат набавка на храна и на лекови, административни услуги, а вршат и транспорт на лица до здравствени установи за неопходни медицински услуги.

НА барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска во Куманово почна дезинфекција на виталните објекти во градот, Општата болница, Ургентниот центар, Центарот за јавно здравје, Центарот за социјални работи и други јавни објекти.

ЗДРУЖЕНИЕТО за заштита на животните „Анима Мунди“ бара допрецизирање на отстапка во рамки на изречената Забрана  за движење, а која се однесува на  лицата кои имаат миленици и мораат да ги изнесат надвор. Тие бараат да биде дозволено милениците да можат да ги прошетаат по 21 часот, поради физиолошки потреби на животните.

ГЕРМАНСКАТА Амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.

НОВАК и Јелена Ѓоковиќ донираа еден милион евра за помош на Србија во борбата против новиот корона вирус, а парите ќе бидат наменети за набавка на респиратори.

НА Инфективната клиника во Тирана почина пациент од Фиер, кој пред два дена бил хоспитализиран со дијагностициран „Ковид19“.

БЕЛГИСКИТЕ здравствени власти регистрирале 1049 нови заразени од корона вирусот во земјата, а регистриран е и првиот случај на зараза на домашна мачка, јави дописничката на МИА од Брисел.

БРИТАНСКИОТ премиер Борис Џонсон е позитивен на корона вирусот. Премиерот има благи симптоми и ќе се самоизолира на Даунинг Стрит, но ќе продолжи да ја води владината кампања за справување со кризата.

ЕВРОПСКИТЕ градови со празни улици и булевари, Евроњуз објави видео од дрон како изгледаат Истанбул, Вилнус, Лисабон и Будимпешта.

Next Post

Доковска: Правото на вода и санитација како основно човеково право да стане уставна категорија

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk