ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Немирните води на Владата!

May 5, 2025 13:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Заедничкиот консензуален став на јавното мислење, опозициските гласови и на политиколозите е дека сегашната влада нема јасен пристап во однос на патот на земјата кон Европската Унија (ЕУ).

Од друга страна, институционалната деградација и непочитувањето на Албанците е причина за поделбата во рамките на владиниот коалициски партнер ВЛЕН.

Според податоците од анкетите спроведени од Алијансата за Албанците (АА), за кои зборуваше и лидерот на оваа партија, Арбен Таравари, околу 70% од Албанците не се задоволни од работата на Владата, поточно на ВЛЕН.

Затоа, неодамнешните потези на Арбен Таравари предизвикаа турбуленции, не само во коалицијата ВЛЕН, туку и за премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со постапките на Травари, оваа влада го доби својот прв морален удар. Оваа ситуација не само што ќе предизвика политичка нестабилност во рамките на владината коалиција, туку со текот на времето би можела да предизвика и предвремени парламентарни избори.

Засега, потегот на Таравари предизвикува концентрични кругови на кризи. Првата криза е поврзана со коалицијата ВЛЕН, која, условно кажано, се закочи, при што Таравари се отцепи од неа, додека другите партии што останаа во рамките на ВЛЕН формираа своја партија.

Другото прашање е што пратениците на АА, петмина на број, утре ќе формираат своја пратеничка група, разликата помеѓу пратениците кои се и оние кои не се во ВЛЕН е голема, 22 наспроти 9. Ова нема да предизвикува веднаш парламентарна криза, но со текот на времето може да предизвика притисок за нови парламентарни избори или за промени во парламентарното мнозинство.

Од друга страна, најголемата партија во земјата, СДСМ, исто така изрази сомнежи во врска со изјавите на премиерот дека владиното мнозинство е стабилно и дека нема проблеми во рамките на владината коалиција. Според опозицијата, владината коалиција не е стабилна и тоа го покажуваат фактите на терен, за разлика од изјавите на премиерот и другите владини претставници.

Во меѓувреме, албанската опозициска ДУИ, која е воедно и најголемата партија со број на пратеници Албанци во земјата, вели дека премиерот Христијан Мицкоски е неспособен да води мултиетничка држава.

ДУИ изразува загриженост за континуираните напори на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ВладаВЛЕНДестан ЈонузиДУИЕУопозиција
Next Post

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми, Петар Богојески продолжува да шири лаги и клевети

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk