ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Левица со кривична пријава против Мицкоски за „попречување на правдата“ за Кочани, тој се закани со кривична за клевета

May 28, 2025 14:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ

Парламентарната група на Левица денеска поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „попречување на правдата“ поврзано со трагедијата во Кочани. Обвинението, како што изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се однесува на сомневања дека Мицкоски се обидува да влијае врз судските постапки и да заштити функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес пратеничката група на Левица, потпишана од сите шестмина пратеници, поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицковски за кривично дело ‘Попречување на правдата’ – како кривично дело против правосудниот систем, казниво по член 368, став 5 од Кривичниот законик“, изјави Апасиев на прес-конференција.

Тој посочи дека пријавата се темели на сомневања дека преку понуди за „некои видови корист“ се обидува да се издејствува правна заштита на лица кои имаат врски со криминални структури во Источна Македонија.

„Сметаме дека нудењето некаква корист е со цел, прво, оние актуелни ВМРО-вски функционери кои според неофицијални информации се вклучени во заштита на дрогата и рекетот, да не бидат опфатени. Дел од овие луѓе му биле советници на министерот Панче Тошковски во техничката Влада и имале разработени шеми за испумпување пари од МВР преку бланко полномошни“, изјави Апасиев.

Дополнително, Левица укажува на сериозни недостатоци во самото обвинение поднесено за трагедијата во Кочани.

„Обвинението е криво поставено. Согласно правните начела и мислења на правната фела и видни професори, не можете шеесет луѓе да обвините за исто кривично дело. Ако корупцијата убива, зошто ниту еден од обвинетите не е обвинет за корупција? Сите се обвинети за тешки дела против безбедноста, што носи ризик обвинението да падне пред суд“, предупреди Апасиев.

Левица најавува дека ќе продолжи да ја следи постапката и ќе инсистира на одговорност и целосна истрага за случајот во Кочани.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за најавените кривични пријави рече – доколку постои такво кривично дело Обвинителството да постапи и доколку е одговорен рече дека ќе одговара. Ако не држи кривичната пријава, Мицкоски рече дека очекува од Левица да се извинат, во спротивно се закани со кривична пријава за клевета.

Ј. Ѓ.

Tags: Апасиевкривична пријаваЛевицаМицкоскитрагедија во Кочани
Next Post

Турски пекари месат леб по рецепт од пред 5.000 години

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk