ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

May 29, 2025 13:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијата го обвинува Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски за сомнителен случај вреден 4 милиони евра, кој, според нив, ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ.

– Договори од милионски износи се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки за вакви или за други слични потреби! Некои од нив се отворени 20 дена пред тендерот. Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, модно студио со просечен годишен приход од едвај 20.000 евра и само двајца вработени, добива тендер од над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи. До вчера двајца вработени шиеја фустани, денес со двајца вработени треба да опремат специјални единици, обеледени опозициската СДСМ.

Правникот Ќенан Алиу вели дека ова не е прв случај.

– Може да има стотици случаи. Ми паѓа на ум дека Законот за јавни набавки не го ограничува времето за регистрација на фирмата, па дури ни бројот на вработени. Важно е да има конкуренција и транспарентност и работата или испораката да се извршува на време, со квалитет и да се земат предвид пазарните цени и тоа е тоа, вели Алиу за Фронтлајн.

Според него, спроведувањето на постапките за јавни набавки во однос на документацијата може да биде целосно во ред, но може да биде криминално во својот дух.

– Можете дури и да снабдувате поевтино и со подобар квалитет, но ако постапките не се спроведуваат, ќе бидете кривично одговорни. Аукциите за набавки кога се ефтини, транспарентни и конкурентни се во ред, но кога се управувани, филтрирани, па дури и консултирани однапред, постапката е несигурна и криминална, подвлече тој.

Фирмата „Памитекс Тим“ е регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без веб-страница, без историја на набавки, без транспарентност. Ваква фирма добива тендер од 1.710.000 евра.

– МВР ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети. Тендерот е шиење по мерка – ама не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е случајност. Ова е дел од тендерските шеми на ВМРО-ДПМНЕ и системската корупција која го јаде општеството, велат од СДСМ.

Од таму го прашуват министерот Тошковски:

• Кој навистина ќе ги шие униформите? Каде ќе завршат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, не бидат со потребниот квалитет, или ако бидат неупотребливи за полициските специјалци? Кој ќе одговара?

– Итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари. Поништување на скандалозниот тендер. Отворање нова, транспарентна постапка со објективни критериуми. Ова е системска корупција која мора да биде истражена до крај. Граѓаните не заслужуваат криминал, туку правда. Ова мора да биде последната капка. СДСМ ќе се бори до крај – за вистината, за одговорност и за казна за сите вмешани, бара опозициската СДСМ.

Документи 1     Документи 2     Документи 3

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека сите документи поврзани со тендерот за униформи за МВР се јавно достапни. Одговарајќи на прашање за обвинувањата од СДСМ, кои тврдат дека тендерот е скандалозен и дека документите ги доставиле до Антикорупциската комисија, Тошковски потенцираше дека ќе бидат транпарентни во целот на постапката.

– Уште еднаш ги повикам Јавното обвинителство и сите останати институции кои имаат надлежност во овој дел да дојдат во рамки на Министерството за внатрешни работи, во одделот што ги спроведува овие јавни набавки, да ги видат сите документи што се поврзани со предметната набавка. Министерството за внатрешни работи е транспарентно и ќе биде транспарентно во целост на оваа постапка, изјави Тошковски.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕМВРСДСМ
Next Post

Димитриеска Кочоска: Досега од буџетот се обезбедени 30 милиони денари за настраданите во Кочани, а исплатени се 11,2 милиони

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Проширувањето на ЕУ е реална можност во наредните години

November 4, 2025

Извештај на ЕК: Северна Македонија со стратешки избор, но потребни се брзи реформи и уставни измени

November 4, 2025
фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk