ВО изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица.
WORLDOMETERS го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Северна Македонија e лидер во регионот по направени тестови Наводите на ВМРО-ДПМНЕ чии функционери на неколку наврати обвинуваа дека не се прават доволно тестови за корона вирусот во земјава се демантираат и од официјалните податоци на Worldоmeters.
ВРАБОТЕНА во Поликлиниката Чаир е заболена од корона вирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот, потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.
ЕДЕН од административните работници во компанијата Гентерм е позитивен на тестот за корона вирус, заради што од понеделник, 6-ти април, фабриката ќе биде привремено затворена, соопштија од Општина Прилеп.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иако секојдневно апелира преку медиумите за итноста и сериозноста на епидемијата од корона вирус кај нас, и манифестира загриженост за состојбата, беше уловен како оди во теретана, иако една од мерките на Владата е да не работат ваквите објекти.
СИСТИНА: Брзите тестови за корона вирус (COVID – 19 IgG-IgM Rapid) се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската Влада.
МИНИСТЕРСТВОТО за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент.
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров упатија честитки по повод 4-ти Април, денот на НАТО.