ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ: Враќањето на Артан Груби отвора можност за транспарентна и фер постапка

February 23, 2026 15:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Настан на ДУИ во Чаир: „Лице в лице за еднакви можности", 26.09.2023

Настан на ДУИ во Чаир: „Лице в лице за еднакви можности", 26.09.2023

Share on FacebookShare on Twitter

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на поранешниот функционер на партијата, Артан Груби, да се врати во земјата, оценувајќи дека со тоа се создава можност да се презентираат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку, како што наведуваат, транспарентна, фер и непристрасна постапка.

„Очекуваме процесот да се спроведе во согласност со највисоките стандарди на владеењето на правото: пред сè, со високо ниво на транспарентност, во согласност со јавниот интерес; но пред сè, со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи“, се наведува во соопштението од партиското седиште во Мала Речица.

Од ДУИ порачуваат дека остануваат на ставот дека правдата треба да биде еднаква за сите, „без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание“. Според партијата, само фер и професионална постапка може да придонесе за утврдување на вистината, зајакнување на институциите и одржување на довербата на граѓаните.

„Со оглед на високиот политички и јавен интерес во овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази“, стои во целосното соопштение од Мала Речица.

Додека Груби утрово беше лишен од слобода на граничниот премин Блаце и пренесен во притвор во Шутка, политичката дебата се заострува со тврдења за наводни договори, коалициски дилови и прикривање на криминал.

Враќањето и апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјава предизвика нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со меѓусебни обвинувања за договори, дефокус и прикривање на скандали. Од СДСМ тврдат дека случајот со Груби се користи како „договорена кампања“ поради, како што велат, падот на рејтингот на премиерот Христијан Мицкоски, додека владејачката партија возвраќа дека токму СДСМ се плаши од можните сведоштва за минати афери.Двете најголеми партии меѓусебно се обвинуваат за поврзаност со афери, додека институциите продолжуваат со постапката против поранешниот функционер на ДУИ.

Коалицијата ВЛЕН во денешно соопштение поставува прашање дали поранешниот функционер на ДУИ, Артан Груби, кој денеска е уапсен на граничниот премин Блаце и е во притворското одделение во Шутка, ќе му го „зададе фаталниот удар“ на лидерот на партијата Али Ахмети и на самата ДУИ.

Ј. Ѓ.

 

Tags: АхметиГрубиДУИ
Next Post

Дуња Иванова: Македонија за првпат на Светски куп, Коста Бланка беше „концерт“, не трка

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk