ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

April 17, 2026 12:20
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска упати остри критики до дел од академската заедница кои се противат на новиот Закон за високо образование, обвинувајќи ги за политички шпекулации и страв од воведувањето на нови, повисоки критериуми за избор во звања. Тој изрази задоволство од вчерашниот настан во Владата каде што ректорите на сите државни универзитети дадоа јавна и едногласна поддршка за новото законско решение.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека досегашното работење според законот од 2018 година довело до драстичен пад на квалитетот, посочувајќи го примерот со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој според неговите зборови паднал за 1.000 места на Шангајската листа. Мицкоски нагласи дека Владата преку Колективниот договор двојно ги покачила платите на универзитетските работници, но дека за возврат мора да има резултати и отчетност.

Премиерот изјави дека не може повеќе да се толерира практиката професорите да сакаат високи плати од 120 до 150 илјади денари, а притоа да работат само еден ден во неделата и да не напишат ниту еден научен труд годишно. Тој ја спореди ваквата состојба со претседател на Влада кој би доаѓал на работа само пола ден во неделата, а би барал десет пати повисоки примања без никаква одговорност.

Мицкоски потсети дека работата на професорите и асистентите се заснова на три клучни столба: образовна дејност, апликативна соработка со стопанството и научна работа преку пишување трудови. Како одговор на претходните забелешки, Владата ја проширила базата на признаени списанија со „Scopus“ покрај „Web of Science“ и овозможила бесплатен пристап до овие бази за сите научни работници.

Изјавата на Мицкоски интегрално пренесена од Владата:

„Да. Најпрвин дозволете ми да изразам свое задоволство од настанот којшто го имавме вчера во Владата. Го организираше Министерството за образование и наука. И видовте и самите медиуми, како беа присутни ректорите на државните универзитети. И сите буквално дадоа поддршка на Законот. Тоа е прво.

Второ. Сите оние политички шпекуланти коишто јавно кажуваа дека се против законот, наводно на тој начин се нарушувала автономијата, импровизираат и манипулираат. Зошто, впрочем ги видоа вчера ректорите на државните универзитети како го поддржуваат. Тие во суштина се плашат од новите критериуми за избор во звање.

До сега, работевме по Законот од 2018 година. И нашиот најстар, најреномиран, еве би рекол Универзитет, во моментот „Свети Кирил и Методиј“, на Шангајската листа падна 1000 места. Уствари, не знам и дали воопшто е рангиран. А едно време беше рангиран.

Е сега, тие сакаат да работат еден ден во неделата. Сакаат плата 120-150.000 денари, а не сакаат еден труд да напишат годишно, што им е работа, еден труд. Не сакаат еден труд да напишат. Тоа е исто како, како јас сега како претседател на Владата да доаѓам на работа пола ден во неделата и да барам да имам десет пати повисоки примања и да не одговарам за ништо во државата. Тоа не иде така.

Оваа Влада ги покачи платите како резултат на Колективниот договор, двојно кај универзитетските работници. И знам дека ќе има и такви коишто ќе излезат и сега ќе ме критикуваат, иако сум јас редовен професор. И ќе кажуваат како тоа било вака, па ќе бараат точка и запирка во мојата изјава, но суштината е таа. Не сакаат да работат. Сакаат да имаат 6 часа неделно, да ги затворат во еден ден. Сакаат 120-130-150.000 денари плата и ни еден труд да не пишуваат. Ни еден научен труд да не напишат. Е тоа не може повеќе да биде.

Тоа повеќе не може да биде, затоа што работата на професорите и асистентите во високо образовните институции е составена од три столба. Апликативна работа, образовна, нели да предаваат, апликативна да соработуваат проекти со стопанство и така натаму. И научна, да пишуваат трудови. Тоа е она коешто го бараме. Еве, на одредени факултети им пречеше „Web of Science“, добро ја проширивме базата, еве и „Scopus“ ќе биде. Без пари, оваа Влада им овозможи да пристапат на базите на списанија коишто се во рамките на „Web of Science“ и „Scopus“, е па не знам што повеќе да направиме. Мора да работат, ако сакаат и ако сакаат да имаме иднина како држава, мора да се зафатат со работа.“

Next Post
Фото: фестивал „Сепак се врти“

Музичкиот фестивал „Сепак се врти“ започна кампања за донации по изостанокот на поддршка од државата

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност нема

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk