ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ѓорѓиевски: Град Скопје со историски најдобар прв квартал за капитални инвестиции и сериозно намалување на долговите

May 12, 2026 12:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градската администрација, нагласувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината.

Според објавените податоци, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти во однос на претходната година. Во првиот квартал биле реализирани 335,75 милиони денари, односно 18,12 проценти од вкупно планираните капитални инвестиции, што се смета за најдобар резултат досега за овој период од годината.

Од Град Скопје истакнуваат дека позитивниот тренд продолжува и во вториот квартал. Само во месец април биле реализирани капитални инвестиции во вредност од 464,45 милиони денари, што е оценето како највисока априлска реализација во историјата на градот. Заклучно со 8 мај 2026 година, вкупната реализација надминала 480 милиони денари, со што веќе се реализирани 26 проценти од планираните капитални инвестиции за целата година.

Во соопштението се наведува дека овие резултати се постигнати и покрај наследените долгови, нефункционалните системи и тешката финансиска состојба во јавните претпријатија. Градската администрација оценува дека со дисциплинирано и одговорно работење започнала стабилизација на системот и враќање на редот во функционирањето на институциите и јавните служби.

Паралелно со капиталните инвестиции, обезбедени биле средства и за исплата на наследени субвенции за граѓаните, вклучувајќи мерки за велосипеди, азбестни кровови, инвертер-клими, чистење оџаци, како и за средношколски стипендии. Дополнително, за јавните претпријатија биле обезбедени повеќе од 467,9 милиони денари субвенции со цел стабилизација на нивното работење и подобрување на јавните услуги.

Од Градот информираат и дека во изминатите 4,5 месеци обврските на јавните претпријатија биле намалени за околу 38,5 милиони евра, при што најголемо намалување е регистрирано во ЈП „Водовод и канализација“. Воедно, обврските на самиот Град Скопје биле намалени за околу 11,6 милиони евра, а исплатени биле и долгови по основ на експропријација, тужби и преземени обврски.

Од градската администрација порачуваат дека ова е само почеток на процесот на стабилизација и развој на Скопје, најавувајќи продолжување на инвестициските активности и реализација на нови проекти во интерес на граѓаните.

Next Post

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk