ВЛАДАТА ќе бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба.
ОД понеделник, 18 мај, се укинува двосменскиот режим на сообраќај во јавниот превоз и автобусите ќе сообраќаат непрекинато од 5 до 19 часот.
ПРЕПОРАКИ и упатства за излез и влез во Македонија за избрани носители на јавни функции.
МЕМЕДИ за „27 април“: Пратеници на ДПМНЕ предводени од Стевананџија инсистираа да се молчи кога Ибрахими ја пееше химната.
ФРОНТ: Петрит Сарачини – Лудаците и тревникот на плоштад. 
СПАСОВСКИ на ЦЕИ: Уверен сум дека заеднички ќе ја надминеме кризата и ќе ги опоравиме економиите.
СУДИИТЕ од Кривичниот суд донирале по 12 илјади денари за борба со пандемијата од вирусот Ковид-19. За оваа намена донирале вкупно 48 судии, а петмина одбиле.
ПРЕДЛОЖЕНИ парични казни од по 2.000 евра за 53 лица во Скопје поради непочитување на полицискиот час.
ОДДЕЛЕНИЕТО за превенција при СВР Скопје денеска во соработка со “Скопје Сити Мол“ пред влезот на овој трговски објект реализираше превентивна акција во рамки на кампањата за заштита од вирусот “Ковид 19“.
ЗГРАДАТА со социјални станови во Неготино треба да биде готова во предвиениот рок од 18 месеци. Во земјав во моментов се градат пет социјални згради во Пробиштип, Скопје-Бутел, Виница и Свети Николе со вкупно 506 станови, а вкупно предвидените средства се над три милиони евра.
ДЕНЕСКА 17 новозаболени, 16 оздравени и еден починат од Ковид-19. 
ПОЧНА состанокот на Централноевропската иницијатива под претседателство на Црна Гора кој поради пандемијата на КОВИД 19 се одржува преку видео конференциска врска.
ИНИЦИЈАТИВАТА Womenpreneurs Stories и асоцијацијата Стартап Македонија, заедно со тимот од ЦЕЕД Хаб Skopje, го организираат петдневниот буткамп за жени претприемачи, за прв пат за сите 11 балкански земји.
СЛОВЕНЦИТЕ и граѓаните на другите земји членки на Европската унија нема повеќе да одат во 14-дневен карантин по влезот во земјата.
ЗА месец и половина, односно на 1 јули, според изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и државниот министер Јоргос Герапетритис, Грција ќе биде подготвена да прими странски туристи, секако доколку сѐ оди според планот.
И.Е.







