УШТЕ два дена кампања, партиите со предизборни ветувања. Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк.
РЕКОРДЕН број новозаболени и оздравени од Ковид-19 во државава.
ЗАЕВ на 24 Анализа: Заедно со порастот на платите ќе стимулираме и пораст на продуктивноста.
СО барањето за Албанец премиер ДУИ уценува, под уцена не се разговара, потенцира лидерот на СДСМ Заев.
ДЕРКОСКИ за МИА: ДИК направи максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори
ВРЕМЕТО ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.
АКО го преспиеш гласањето на 15 може да се разбудиш повторно во светот на ВМРО-ДПМНЕ.
ЗАЕВ во Карпош: Правиот пат значи ЕУ и НАТО, грижа за сите, заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој.
ЕВРЕЈСКАТА заедница преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, нејзино инволвирање во политичка кампања преку рекламни спотови на политички партии.
СЕ отстранува базата на бизнисменот и советник од ДУИ Нефи Усеини во населбата Далјан во Охрид
АНТИВЛАДИНИ протести во Софија.
ДВАЈЦА новинари на српската новинска агенција Бета се повредени за време на синоќешниот протест и се пренесени во Ургентниот центар во Белград.
УНЕСКО жали поради одлуката на турските власти – Света Софија има силна симбиличка, историска и универзална вредност.