ВО новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ избришано „Република Македонија”
РАЗОЧАРАНИ членови на ВМРО-ДПМНЕ поради бришењето на „Република Македонија“ во изменетиот Статут.
АПАСИЕВ и Мицкоски заедно во опозиција
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Скопје, Петре Шилегов во интервју за ТВ 21, на прашањето за премиер Албанец, изјави дека немаат проблем премиерот да биде Албанец, но дека тоа не се прави со уцени, туку со договор.
ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од изборите и ќе ги врачи уверенијата на избраните пратеници.
БРОЈОТ на заболени од Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат мерките за заштита.
ЗА да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и денеска и утре.
ВЛАСТИТЕ во шпанската провинција Каталонија наредија затворање на сите дискотеки и ноќни клубови, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
ВО црногорската престолнина деновиве се измерени тропски температури.
СИЛНО невреме ја погоди хрватската престолнина вчера во вечерните часови. Улиците во Загреб се поплавени, патниот сообраќај отежнат. Трамваите не сообраќаат.
ВРЕМЕТО претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ј. Ѓ.