ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Избори во Германија, Заев и Мицкоски на иста маса, од утре вакцинација со трета доза

September 26, 2021 21:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев и Мицкоски на иста маса во германската амбасада… СПД велат имаат мандат да формираме влада во Германија… Александар Наумовски со отчет за сработеното во Ѓорче Петров… Како реагираат партиските ботови на сатира?… Локалните избори во Скопје: Анкети, аналитичари и кампањи… Заеви, ја исполнија граѓанската должност и законска обврска за Пописот… Видео спотот „Гласови!“…

ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Во присуство на високи претставници на владата и државниот врв, институции, невладини организации и бизнис секторот, вечерва во германската амбасада во Скопје, во живо се следат парламентарните избори во Сојузна Република Германија.

Заев и Мицкоски на иста маса, заедно со амбасадорката Холштајн во германската амбасада, ги следат резултатите од изборите во Германија.

Заев, Мицкоски и амбасадорката Холштајн, во германската амбасада во Скопје. Фото: Фронтлајн

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, на денешниот отчет за сработеното посочи дека покрај капиталните проекти, реализирани се и 200 други проекти или 80 отсто од целата програма.

Донесовме Урбанистички план за Хром, и ја спасивме оваа населба, претходно секоја куќа беше потенцијална зграда, преку урбан развој на горниот дел, Хром повеќе нема да се менува, порача градоначалникот на Ѓорче Петров.

Во 2017 ветивме седум капитални проекти, денес, сите седум се или реализирани или во фаза на реализација, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на денешниот настан на кој даде отчет за сработеното во неговиот мандат.

АНАЛИЗИ, КОМЕНТАРИ, ГОВОР НА ОМРАЗА

Анализа на Жарко Трајановски. Локалните избори во Скопје: Анкети, аналитичари и кампањи. Според едно „непишано“ правило, победата во главниот град Скопје се смета не само за победа на локалните, туку и на парламентарните избори.

Како реагираат партиските ботови на сатира? Партиските ботови на вмровската застоена лабораторија пред секој изборен круг, се реактивираат како навиени петарди. Тие не прават разлика ни за парламентарни, претседателски, ни за локални збори.

Ненад Јовановиќ: Ако госпоѓата Данела Арсовска не знае да се објасни себе која е и што е, што работи и што сонува, како ќе го објасни Скопје и духот на луѓето кои живеат во тој град?

ПАНДЕМИЈА

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза за лицата над 60 години, здравстените работници и лица со имунолошки болести. Министерот Филипче посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели.

Од направени 3.425 тестирања регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, од кои половината се од Скопје и Куманово и оздравеле 222 пациенти.

ПОПИС, ИЗБОРИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување.

Видео спотот „Гласови!“ е атрактивно, уметничко видео посветено на, како што тоа го нарекуваат креатор(к)ите, гласачката свесност. Овој интересен видео спот е резултат на соработката меѓу организациите Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и ЦИВИЛ.

ЕВРОПА, РЕГИОН

СПД велат имаат мандат да формираме влада, конзервативците жалат за „горчливиот“ пораз на изборите, но се надеваат на коалиција. Генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбејл вечерва по затворањето на избирачките места на парламентарните избори изјави дека оваа партија има мандат да формира коалициска влада.

Исланд стана првата земја во Европа која има повеќе жени отколку мажи во Парламентот, еден ден по парламентарните избори, кои ја доведоа во прашање иднината на лево-десничарската коалиција, и покрај тоа што освои јасно мнозинство.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел изјави дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата на северот на Косово и им порача на двете страни дека сите дополнителни провокации или еднострани и некоординирани дејствија се „неприфатливи“.

КУЛТУРА, СПОРТ

Перформансот „Драга Републико“ премиерно ќе биде изведен вечер во 19.30 часот во зградата на Централната пошта во Скопје по што во 21:30 ќе следува концерт на Мухамед Ибраими. Проектот се реализира со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години независност.

 Усик го победи Џошуа и стана светски шампион во тешка категорија. Усик е вториот боксер во историјата што стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.

Луис Хамилтон , возачот на Мерцедес, попладнево ја забележа јубилејната 100-та победа во шампионатот во Формула 1. Британецот беше најбрз во Сочи на трката за Големата награда на Русија.

Мохамед Салах вчера постигна гол за Ливерпул на гостувањето во Лондон против Брентфорд во Премиер лигата, во натпреварот што заврши нерешено 3:3. Тоа беше 100-ти гол на Египќанецот во англиското фудбалско првенство.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Избори Германија: Шолц - гласачите покажаа дека сакаат да бидам идниот канцелар на Германија, Лашет вели се води тесна борба

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk