ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Ковачевски во Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

December 6, 2022 19:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на Самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство, што првпат ваков Самит на сите земји членки на ЕУ се одржува во Западен Балкан, во соседна Албанија. Тоа само ја потврдува посветеноста на ЕУ кон проширувањето, соопшти владината прес-служба.

Во овој навистина тежок геополитички момент за Европа, кога се води војна во Украина, ова е многу јасен сигнал дека иднината на Западен Балкан и на сите земји од регионот е во ЕУ, истакна Ковачевски.

Се разговараше многу отворено и тоа се разговараше за оние теми кои што се најважни, најпрвин за енергетската криза и справувањето, повторно беа искажани сите заложби на ЕУ за брза помош за Западен Балкан, преку фондовите кои што се на располагање, што значи дека ние во јануари веќе ќе имаме пристап до 80 милиони евра кои што беа одобрени за справување со енергетската криза, меѓутоа и за инфраструктурните проекти за енергетска транзиција и за енергетска класификација, нагласи премиерот.

Тој истакна дека предмалку го завршил состанок со претседателката на Европската банка за обнова и развој, на кој разговарале за конкретните проекти за поврзување со интерконектори со Грција и со Бугарија, дополнителни два интерконектори, како и за довршување на другите гасоводи кои што се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија, бидејќи веќе е завршен гасоводот кој што се протега од Жидилово до Битола.

Исто така разговаравме и за она што земјите кандидатки за членство во ЕУ го имаат кај себе да го завршат, тука особено разговаравме за владеењето на правото, и за борбата против корупцијата, вие знаете дека на агендата на нашата Влада многу високо е владеењето на правото и борбата против корупцијата и дури и овие денови тоа е главна тема која што ги окупира нашите медиуми, меѓутоа и нашите политички институции, нагласи Ковачевски.

Премиерот изјави дека веќе е разговарано и на ниво на коалициски партнери во врска со донесување на закон за Ветинг првпат во државата, а за тоа разговарал и во Тирана со највисоките претставници на ЕУ, додавајќи дека „многу скоро ќе се најде законско решение пред пратениците во Собранието, за спроведување на постапка за оценување на постојните и на идните носители на функции во однос на нивниот интегритет во насока да се намали можноста за било каква нефункционалност на оние кои што ќе бидат поставени на позиции, пред се на намалување на корупцијата, криминалот и подобрување на управувањето со институциите“, се додава во владиното соопштение.

Tags: ЕУЗападен БалканКовачевскиСамитТирана
Next Post

Гутереш: Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ на планетата

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk