ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Балтичките земји и Полска бараат од НАТО да и го даде на Украина сето оружје што го бара

February 22, 2023 15:18
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Литванија Гитанас Науседа најави дека на самитот на Букурешкиот формат( Б-9) каде се земјите од источното крило на НАТО, официјален Вилнус ќе побара од НАТО и САД на Украина да го испрати сето оружје што го бара, па и она што моментално е над црвената линија.  Претседателот на Полска Анджеј Дуда рече дека, доколку е потребно, Полска ќе испрати и борбени авиони во Украина.

„Прво, да и го дадеме на Украина сето оружје што го бара. Сега. Нема црвени линии во тоа. Второ, мора да го зајакнеме источното крило на НАТО што е можно повеќе. Секој сантиметар од него“, напиша литванскиот претседател на социјалните мрежи, пред самитот во Варшава.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, во интервјуто кое вечерва во целост ќе го емитува американската ТВ станица Си-Ен-Ен, предупреди дека на Кијив сега му треба оружје пред се и најави дека можеби Полска ќе испрати авиони.

– Доколку има таква потреба, ќе испратиме и борбени авиони. Прашањето е кога украинските пилоти ќе бидат подготвени да летаат со модерни авиони, на пример со авион Ф16. Обуката на пилотите е посложена и подолга од обуката за тенкови, рече Дуда.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е главен гостин на попладневниот самит на „Букурешт Девет“ во центарот на Варшава, за време на неговата дводневна посета беше пречекан со платена реклама во која Украинците го молат да испрати им авиони Ф-16.

Полска претходно се обиде да покрене иницијатива за снабдување на Украина со оружје што Западот не сака да и го даде, но набрзо ги услови своите најави дека ќе испрати, на пример, борбени авиони, со фактот дека тоа мора да биде одлука на НАТО и дека таа самоиницијативно не би праќала никакво оружје.

Шефовите на Влади или држави на Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Летонија, Литванија и Естонија денеска ќе разговараат со американскиот претседател и генералниот секретар на НАТО за тоа како, пред сè, САД дополнително да го зајакнат сојузничкото источно крило кон границите со Русија.

Од Самитот на Букурешт Девет се очекува и заедничка декларација.

Tags: Анджеј ДудаБалтички земјибугаријаЕстонијаЈенс СтолтенбергЛетонијаЛитванијаНАТОПолскаРоманијаСАДСловачкаУнгаријаЧешкаЏо Бајден
Next Post

За да сме чекореле достоинствено по европскиот пат, Коцарев повика да се каже „НЕ“ на уставните измени

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk