ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Украина 373. ден: Русија би можела да остане без пари до следната година; Украина има право да ги врати привремено окупираните територии

March 3, 2023 17:00
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес е во 373-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Германија побара од Швајцарија да и продаде дел од своите тенкови „Леопард 2“, за да може да додели поголема воена помош за Украина. Германија, Полска, Португалија, Финска и Шведска се меѓу земјите кои испраќаат „Леопарди“ во Украина, но со тоа го проретчиле својот воен арсенал.

Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харкив, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација.

Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер. Изјавата доаѓа откако вчера во руски медими и на социјалните мрежи се објавија непотврдени извештаи за диверзантски напад во Русија, изведен од страна на руска националистичка милитантна група во областа Брјанск, во село близу руско-укринската граница, а која пристигнала од Украина. Во нападот наводно загинале две лица, а неколку биле киднапирани.

Олигархот Олег Дерипаска изјави дека Русија би можела да остане без пари до следната година, освен ако земјата не обезбеди инвестиции од „пријателските“ земји, бидејќи санкциите од западот сериозно ќе ја погодат Русија.

Една година од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, рускиот извоз на фосилни горива сè уште се одвива во повеќе земји ширум светот. Според проценките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA), од почетокот на инвазијата пред околу една година, Русија остварила повеќе од 315 милијарди долари приход од извозот на фосилни горива низ целиот свет, со речиси 149 милијарди долари кои доаѓаат од земјите на ЕУ.

Руските сили во текот на ноќта го разнесоа клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут во источна Украина со блиското село Хромово. Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека мостот ќе биде поправен во наредните денови, бидејќи тој е витална артерија за евакуација на цивили и испорака на залихи како муниција

Украина и Шпанија ќе соработуваат на полето на развојот на зелените инвестиции, како и на вклучувањето на Украина во работата на процесот на Севиља.

Во регионот Херсон, возач на трактор беше убиен од непријателско гранатирање во близина на селото Томарине во областа Берислав. Непријателот го нападна и селото Козатске во областа Каховка, при што беа повредени две лица. Уште едно лице е повредено во Херсон.

Украина има право да ги ослободи и да ја врати целосната контрола на сите привремено окупирани територии во нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим, се вели во соопштението на ЕУ дадено за време на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Подготви: А. Ристески

Tags: Војна во УкраинаУкраина
Next Post

Мицкоски, наместо во ОЈО, документите за можен криминал, ги даде на новинарот на ЦИВИЛ Медиа

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk