Украина денес се наоѓа во 394-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Политика
Европската комисија и полската влада во четвртокот објавија заедничка иницијатива да се обезбеди враќање на украинските деца депортирани на територијата под руска контрола.
Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина документираше повеќе од 8.000 цивилни жртви и речиси 14.000 повредени како резултат на војната.
САД денеска усвоија нови санкции против Белорусија.
Телата на 83 војници кои беа убиени во акција се вратени во Украина.
Во конфузниот говор што рускиот диктатор Владимир Путин го одржа на неодамнешното обраќање пред деловните лидери во Москва покажува дека тој е под дејство на силна дрога, тврди Валериј Соловеј, руски политиколог, историчар и поранешен шеф на Одделот за односи со јавноста на Московскиот државен институт за меѓународни односи
Фронт
Украина ги предаде во Русија сите тешко повредени руски војници кои беа заробени од почетокот на целосната инвазија и чија здравствена состојба дозволи да бидат транспортирани.
Како резултат на руското масовно гранатирање на регионите Суми, Донецк, Херсон, Криви Рих се зголемува бројот на повредени и ранети цивили. Во регионот Суми, две лица загинаа, а уште десет беа повредени.
Подготви: А. Ристески