ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ескобар со порака до Албанија пред изборите на 14 мај; албанската ЦИК им нареди на партиите да ги отстранат плакатите; уште едно обвинение за воени злосторства во Косово

May 4, 2023 13:35
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори во Албанија, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар ги повика албанските граѓани да не се враќаат во минатото, а овој повик од албански аналитичари е протолкуван како јасна порака дека Сали Бериша е минато. Специјалното обвинителство во Косово поднесе обвинение против едно лице, за воени злосторства во Косово.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: Ескобар со повик до Албанците пред 14 мај/ Базе: Пораката беше јасна, Бериша е минато

„Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар ги повика албанските граѓани да не одат во минатото на изборите на 14 мај, мислејќи на двоецот Бериша-Мета. Оваа изјава доаѓа неколку дена откако Ескобар уште еднаш го опиша Сали Бериша како минато.

Новинарот и аналитичар Меро Базе во „Тема на денот“ на ABC News изјави дека пораката на Ескобар е јасна дека Сали Бериша е минато и дека граѓаните треба да гледаат кон иднината.“, пренесува албанскиот дневник Јава Њуз.

Клан: ЦИК нареди да се тргнат плакатите на политичките партии

„Сите плакати на политичките партии на кои нема назнака „Произведено под законска одговорност на х партија“ ќе мора да бидат отстранети од улиците на 61 општина во државата. Одлуката ја донесе  претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Илирјан Челибаши, откако беа оценети како произведени во спротивност со законот.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

КОСОВО

Бота Сот: Специјалното обвинителство поднесува обвинителен акт за воени злосторства против едно лице во отсуство

„Специјалното обвинителство на Република Косово (ПСРК) денеска во Основниот суд во Приштина – Специјално одделение поднесе обвинителен акт во отсуство против обвинетиот со иницијали Ч.А.

Специјалното обвинителство соопштува дека обвинетиот Ч.А. во временскиот период јануари – мај 1999 година, соработувајќи со група криминални лица (засега неидентификувани), организирани, облечени во полициски, паравоени, воени униформи, сториле кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, казниво по член 142. од Кривичниот закон на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (во натамошниот текст „СРЈ“) како важечки закон во времето на извршувањето на кривичното дело.“, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.

Газета Експрес: ЦИК ги потврди резултатите за Собранието на Лепосавиќ, 3 пратенички места останаа празни: ВВ гласаше против, Српска Листа воздржана

„Централната изборна комисија (ЦИК) по втор пат го врати прашањето за сертификацијата на собраниските работници на општина Лепосавиќ

Пред една недела оваа институција го немаше заверено резултатот во отсуство на 8 гласа „за“. По расправите, ЦИК го завери составот на општинското собрание на Лепосавиќ, кој произлезе по изборите на 23 април.“, пренесува косовскиот портал Газета Експрес.

Газета Блиц: Апелација ги разгледува жалбите во случајот на обвинетите за кражба на 2,1 милион од Државната каса

„Во Апелациониот суд во четвртокот беа разгледани жалбите на одбраната и трети лица, за предметот познат како „Случајот 2,1 милион“, каде Лабинот Груда и Кадри Шала од Основниот суд во Приштина беа осудени на 21 години затвор и 41 илјада и 500 евра парична казна (заедно), поврзани со обвиненијата за кражба од 2 милиони и 77 илјади и 995 евра и 90 центи.“, пренесе косовскиот портал Газета Блиц.

КОЛУМНА 

Полска бара репарации од Русија, но кога Албанија ќе побара од Грција?

„Затоа што прашањето за репарациите како историско право на една држава и еден народ не може да се занемари и заборави. Такво е прашањето за репарациите, кои Албанија треба да ги побара од Грција. Тоа е прашање кое има свој историски преседан. Албанија може и треба денеска да го покрене прашањето за репарации, кои Грција мора да ги плати за уништувањата, злосторствата, штетите и жртвите предизвикани од грчките воени сили на територијата на Албанија, од Првата светска војна до Втората светска војна.“, пишува косовскиот автор Шабан Мурати во обемната анализа „Полска бара репарации од Русија, но кога Албанија ќе побара од Грција?, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Гроб на Гоце Делчев, црква Свети Спас. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Христов: Oна што се случува денес е спротивно од мислата на Делчев

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk