ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дигитализацијата и пакетските пратки ги истиснуваат писмата, но ги зголемија поштенските приходи

June 11, 2023 10:05
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализацијата и технолошкиот развој продолжува да го намалува обемот на пратки за коресподенција (писма и поштенските картички). Наспроти приближно 40 милиони писма што ги испорачала националната пошта во 2016 година, лани нивниот број е 25.338.883.

Променетите потреби на корисниците и бизнис секторот како резултат на развојот на е-трговијата донесе нови производи и услуги.  Пратките за кореспонденција сѐ повеќе се заменуваат со електронски средства за комуникација, а голем дел од традиционални испраќачи на масовна пошта (деловни субјекти, институции) сè повеќе ги прифаќаат електронските процеси и доставата да ја вршат на електронски начин.

Според податоците на регулаторот, вкупниот обем на пратки за коресподенција на пазарот на поштенските услуги во државава во 2022 година изнесува 27.188.367 и споредбено со 2021 година е намален за 7.9 проценти.

АД „Пошта на Северна Македонија“ лани регистрира 25.384.421 пратки за коресподенција и тие се 89,8 проценти од вкупно остварениот обем на пратки (28.256.214) кој овој давател ги остварил во таа година. Од услугите за обезбедување на пратките за кореспонденција најголем процент, односно 78 отсто, се однесуваат на обичните писма.

Кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар, пак, се регистрирани 1.803.946 пратки за коресподенција, односно 23,8 проценти од нивниот вкупен обем на работа (7.570.378). Во однос на претходната година има намалување за 10,7 проценти, а таквиот тренд се должи пред се поради нивниот зголемен ангажман и интерес за обезбедување на поштенската услуга пакети.

Статистиката покажува дека поштарите на државното претпријатие лани доставиле 25.338.883 писма, од кои најголем дел се обични писма – 19.762.689, потоа следуваат препорачаните писма – 5.451.525, вредносните писма – 124.669, како и вредносни картички – 45.538.

Намалувањето на писмата по години покажува дека во 2016 година „Пошта“  испорачала 39.814.249 писма, во 2017 година – 35.809.522, во 2018 година – 33.262.315, во 2019 година – 33.413.939, во 2020 година – 32.270.772, а во 2021 година – 27.452.545.

Отстапување од надолниот тренд кај писмата има кај препорачаните. Во 2016 година изнесувале 4.728.462, а во 2022 година -5.451.525.

Анализата кај давателите на поштенски услуги на слободен пазар покажува дека со годините тие ги менуваат видовите на поштенски услуги. Ако порано обемот на писмата и пакетите бил скоро со еднаков број, во 2022 година преовладуваат пакетите. Па така, во 2022 година во однос на 2021 година тие бележат зголемувањее на бројот на доставени пакети за 22,6 проценти.  Истовремено, за 10,9 проценти се намалил бројот на пратките за коресподенција од приватните оператори, од 2.020.968 на 1.803.946.

Електронската трговија во Србија, според истражувањето на Стопанската комора на Србија (ПКС), двојно е зголемена за време на вонредната состојба, споредено со времето пред пандемијата на Кови

Се поголемата побарувачка за онлајн услугите и развојот на е-трговијата се рефлектира кај услугата пакети која постојано има раст кај давателите на слободен пазар. Развојот на платформите кои нудат услуги на пазарот во форма на онлајн нарачки го зголемува учеството на давателите на пазарот, особено во делот на пакетите. Ако во 2016 година приватните оператори доставиле 968.383 пакети, заклучно со крајот на минатата година тие испорачале 5.765.931.

И „Пошта“ бележи зголемување на обемот на услугата доставување пакети. Во 2016 година бројот на доставени пакети во рамки на универзалната услуга  изнесува 11,229, а во 2022 година 138.872.

Вкупниот обем на поштенскиот пазар лани изнесувал 35 826 953 и е намален за 4,76 проценти во однос на 2021 година. Пратките за коресподенција учествуваат со 75,8 проценти во вкупниот обем.

И покрај намалениот обем на пратките за коресподенција, вкупниот приход од обезбедување на поштенските услуги од страна на давателите на поштенски услуги во 2022 година, споредбено со 2021 година е зголемен за 13,3 проценти, односно за 14,9 проценти во однос на 2020 година. Тоа покажува дека приходите се генерираат од други услуги, пред се од пакетските услуги, како и од услугите со додадена вредност, кои имаат повисока цена.

На пазарот за поштенски услуги во државава работат 35 оператори и нивниот број во однос на минатата година е намален за десет.

Извор: МИА

Tags: анализаВМРО-ДПМНЕдигитализацијаДУИпакетски праткиСДСМуставни измени
Next Post

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk