ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Кои улици ќе бидат затворени? Изменет режим и на јавниот превоз за време на Министерскиот совет на ОБСЕ

November 29, 2023 07:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Скопје поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ на кој се очекуваат околу 70 делегации. Почнувајќи од денеска од 13 часот до завршување на Министерскиот совет повремено ќе бидат затворени за сообраќај одредени улици како што се булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во зависност од потребите, може да бидат  затворени и други улици и апелираат до граѓаните на трпение и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Јавниот превоз утре, среда (29.11.2023 год) и в четврток (30.11.2023 год), поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ, ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното.

Од ЈСП информираат дека во петок (1.12.2023 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.

Утре, среда автобусите ќе возат вообичаено, согласно со важечкиот возен ред (делничен зимен), а во четврток (30.11.2023 год) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Почнувајќи од утре, среда (29.11.2023 год) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.

Траси на движење

Линии 8 и 15А

– од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

– наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118

– од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Утре, среда (29.11.2023 год) сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6.30 до 13 часот, а в четврток (30.11.2023 год) за сите ќе биде неработен ден.

Во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ вчера беше спроведена генерална проба со затворање на дел од сообраќајниците во главниот град.

Во делот на безбедноста, од Министерството за внатрешни работи велат дека се комплетно подготвени за Министерскиот совет што за првпат се одржува во Северна Македонија, која е земја претседавач со ОБСЕ.

Поради одржувањето на Самитот, согласно одлуката на Владата, денеска вработените во државната и јавната администрација во Скопје ќе работат до 12 часот, а утре е неработен ден за државната и јавната администрација, а нема да работат ниту основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје. Се препорачува и приватниот сектор, особено во Општина Карпош и општините кои гравитираат околу спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците од Владата. Неработниот ден не се однесува на градинките и здравствените установи.

Tags: ОБСЕСкопјесообраќаен режим
Next Post

Антикризни мерки за ученици, студенти, пензионери, приватниот сектор

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk