„Синоќа бев сведок на почетокот на дејствувањето на Фондацијата “Ромите за демократија” основана од нашите долгогодишни пријатели и соработници кои имаат јасна идеја за потребата од ромско-македонско заедништво кое ќе донесе добро за сите граѓани на Северна Македонија“ напиша во своја објава на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод синоќешниот настан „Добро за ромите, добро за Северна Македонија“.
Политичката и општествена кауза за постојана и засилена интеграција на Ромите ја има мојата целосна и искрена поддршка. Инвестирањето во политичко, економско и културно зајакнување на Ромите е дел од сржта на европската кауза за еднаквост, правда и правичност на сите граѓани.
„Додека одекнуваше ромската химна, синоќа уште еднаш се уверивме во моќта на културната дипломатија и во скапоценоста на ромската традиција, историја и аспирација за подобар живот“, вели Маричиќ во својата објава.