ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Да му помогнеме на премиерот Мицкоски поевтино да лета, поевтино да нé чини

July 23, 2024 15:36
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Меѓу сите други небулозни оправдувања за трошењето народни пари за луксузни патувања со бизнис класа на народните претставници, во што се впушти широка палета на апологети на сегашната владејачка гарнитура, од медиуми, новинари, колумнисти, претседател на советот на град Скопје…го издвојумваме соопштението на матичната партија на премиерот со болни колена кој поради тоа морал да користи бизнис класа, во кое се вели:

Заврши времето кога нерационално се трошеа народните пари ?!

Значи за нив не е луксузирање луксузнo патување и скапи авионски карти од  20 000 евра, кои се платени од народни пари. Или различно е чувството за луксуз кога си во позиција и опозиција.

А за вечното оправдување дека и предходниците правеле исто, па и бетер… па за тоа ги изгубија изборите, ви текнува?

А тоа што еден „еминентен“ профеор залутан во политиката, па наместо да се справува со енормниот број проблеми со кои се соочува главниот град чиј претседател на собраниети е дотичниот професор, тој седнал и пишува колумни во одбрана на својот лидер.

И секако, медиумите надолго и нашироко го пренесуваат.

А токму медиумите се посебна приказна, со ваквото известување само га потврдуваат двојните аршини според кои се раководат при пласирањето на информациите и сервилната улога која ја имаат во однос на сега владејачката партија, иако истата ја имаат и кога истава партија е во опозиција.

И да не ја заборавиме огромната ботовска поддршка што ја имаат на социјалните мрежи при ваквите активности управувани од еден центар.

Како на пример, за сличен случај пред неколку години реагираа сосема обратно. Ако сега главно  молчеа за случајот, а кога веќе мораше да излезе на виделина, заземаа курс на слепо спроведување на директивите за одбрана на ликот и делото на сегашниот премиер, за разлика, во  2017 година, до ниво на масовна хистерија го дигнаа патувањето на тогашниот директорот на државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев, со бизнис класа на Светскиот самит за авантуристички патувања во Буенос Аирес со буџетски средства. Донев се правдаше дека само до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци, додека на сите други патување летал со економска класа или со нискобуџетни летови. Донев подоцна вети дека ќе ги врати парите и беше разрешен од функцијата.

Па ако веќе од ВМРО ДПМНЕ се повикуваат на своите претходници за секоја аномалија направена при водењето на државата, еве и еден позитивен пример на разрешување на пропустите кој би можеле да го следат.

Исто како и некои портали, кој во изблик на креативност во обид, тогаш излегоа со наслов:

„Да му помогнеме на директорот Донев поевтино да лета, поевтино да нé чини“,

Истите сега можат да оштествено корисна акција со соодветен наслов, прилагоден на новата општествено –  политичка реалност :

„Да му помогнеме на премиерот Мицкоски поевтино да лета, поевтино да нé чини“


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: бизнис класамакедонски медиумиТрајко СлавескиХристијан Мицкоски
Next Post

Затворен аеродромот во Катанија поради нова ерупција на Етна

Shortcut

Најново

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk