Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ
Дијагнозата за каков ни е градот, секојдневно е сѐ пострашна.
Град Скопје има свој градоначалник, градоначалник кој не е случаен, туку својата импровизација од извршувањето на функцијата ја користи, благодарение на јасната политичка, логистичка, а веројатно и финансиска поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа да не се отвараат лажни дилеми, или поставуваат непотребни реторички прашања. Одговорноста за состојбата денес има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
Нема потреба да им се помага во бегањето од било каква одговорност, затоа што тоа е бегство од вистината и од граѓаните.
Сепак, политиката не е само за добивање на власт, туку и за носење одлуки кои се во интерес на сите граѓани.
Мора да се стави крај на сите политички игри и префрлање на вина. Мора реакција веднаш.
Затоа, и покрај тоа што надвор од Законот за локална самоуправа назначија в.д. градоначалници, согласно истиот, Владата има ингеренции да ја спречи нивната кандидатка да го продолжи уништувањето на градот што сите го сакаме и за кој сме се бореле.
Време е за одлучна акција во заштита на нашето Скопје…