Поранешниот пратеник, Зуди Џелили смета дека секој политичар во Северна Македонија знае дека уставните измени се услов за добивање датум за преговори за членство во ЕУ, тоа го знае, вели тој, и премиерот Мицковски, кој најави дека чека Бугарија да добие нова влада и да разговара можен компромисно решенија.
– Меѓутоа, самиот француски предлог е на некој начин компромисно решение, не знам дали во Бугарија некој од политичките фактори имаат разбирање да преговарат пак. Знам само дека се неопходни уставни измени за ние како држава да направиме чекор кон преговори заедно со Албанија. Но, немаме друга алтернатива за подобра иднина, прво треба да ги надминеме партиските интереси во корист на државните. Соработката со соседите, со Советот на Европа треба да се базира на интересот за подобра иднина, а не на враќање во минатото, изјави Џелили за „Фронтлјан“.
На потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Албанија чекор понапред од Северна Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски чека стабилна бугарска влада