ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Николовски за Фронтлајн: Пораките на Фон дер Лајен до Мицкоски се статус кво – владата да ги прифати уставните измени

October 24, 2024 14:13
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За разлика од посетата на Тирана, каде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го пофали визионерството на албанскиот премиер Еди Рама, во Скопје таа им порача на Мицкоски и Владата да ги спроведе уставните измени за земјава непречено  да продолжи по патот кон ЕУ.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека пораките на Урсула фон дер Лајен значат статус-кво и уште поголем притисок за владата да ги прифати уставните измени.

– Ова значи статус кво и уште поголем притисок за владата да ги прифати уставните измени или да предложи алтернатива за членството во ЕУ. Евентуално, да се влезе во неизвесна иднина и да се чекаат некои поповолни времиња и распоред на силите во ЕУ, вели Николовски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази очекување дека земјава ќе го продолжи патот кон членството во ЕУ отворајќи го кластерот Фундаментални вредности, колку што е можно поскоро, но потсети дека за тоа се потребни уставните измени за кои, како што кажа, државава се согласила дека ќе бидат усвоени.

– Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните измени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски од друга страна изјави дека ЕУ треба да помогне да се најде начин за нашиот интегративен пат уважувајќи ги ставовите во иднина да не се соочиме со барања кои се во спротивност.

– Очекуваме Европската унија заедно со нас да помогне да се најде начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во спротивност со идеите и вредностите на кои почива самата Европска унија, вели Мицкоски.

Според министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската унија Орхан Муртезани официјален Брисел не гледа со голем оптимизам на предлогот за уставни измени со одложено дејство, но, не го отфрла целосно и оти во Владата веќе се водат интерни разговори за изнаоѓање на нови решенија како да се продолжат преговорите.

„Досега немаме финален предлог, меѓутоа и да имаме таков нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија“ изјави неодамна Муртезани.

Ова е прва посета на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен на регионот откако на 18 јули со големо мнозинство гласови во Европскиот парламент го освои вториот петгодишен мандат.

Нејзината посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширување е високо на агендата на Европската Унија, и откако, пред само една недела Албанија го отвори и првиот кластер од преговорите со Унијата. Со тој потег, Тирана се одвои од Скопје и доби пол позицијата во „маратонот “ на евроинтегративниот пат.

Дестан Јонузи

 

Tags: ЕУУрсула фон дер Лајенуставни измениХристијан Мицкоски
Next Post

РФ користи забранети хемиски супстанции против Украинците

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Црни вдовици“ – скандали со фиктивни бракови во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија? Дилемите растат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија плаќа, Скопје прифаќа – Мигрантите доаѓаат, а државата губи контрола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk