ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Голема нервоза на власта во односот кон новинарите по трагедијата во Кочани, вклучена и пропагандната машинерија

March 19, 2025 12:29
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Трагичниот случај во Кочани ја налути власта против оние кои размислуваат поинаку од неа за овој случај. Според познавачите на околностите и политичките случувања во државата дел од политичарите од власта, во ова критично време и осетливо за јавноста, се однесуваат и како обвинители и судии.

– За жал, гледаме една голема нервоза на власта во односот кон новинарите уште од првата пресконференција после трагедијата во Кочани. Потоа, гледаме дека дел од политичарите од власта, во ова критично време и осетлива јавност, се однесуваат и како обвинители и судии. Мора да се остави обвинителството да изнесува факти од својата работа. Не смее да се нарушува концептот на поделба на власта. Јавноста има потреба од навремени и точни информации, од релевантни и засегнати институции. Новинарите тука ја имаат главната улога. Институциите и нивните претставници се должни да бидат транспарентни и да дадат точни и навремени одговори на сите прашања од својата област, вели за Фронтлајн, Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија.

Според него, скандалозно е да се повикуваат на информативен разговор во МВР новинари од редакциите на “ТВ21” и “Ројтерс”, а кои си ја работеле работата и сакале да известат од собирот на граѓаните.

– Нема демократија без слободни медиуми и новинари кои бараат одговори за прашања од интерес на јавноста. Видовме како нервозно и несоодветно пропагандната машинерија реагираше на текст на Цивил Медиа во кој имаше точна и навремена информација за собирот на граѓаните во Скопје во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?” Во овие два-три дена видовме нервоза и кај премиерот Мицковски и кај министерот за внатрешни работи Тошковски, во нивните одговори кон новинарите кои поставиле легитимни прашања. Претставниците на институциите се должни достоинствено и со почит кон јавноста да одговараат на прашањата на новинарите, нагласува нашиот соговорник.

Тој, ја поздравува оставката од морални причини на градоначалникот на Кочани, но додава дека, тој беше должен и да излезе во јавноста и да даде одговори на серија на прашања кои ги има јавноста.

– Се отвори и прашањето на начинот на кој политичарите ги посетуваат болните и почитувањето на протоколите кои се важни за здравјето на оние кои се борат за своите животи. Ја видовме и реакцијата на лажните вести во јавноста на сопругата на починат член од бендот. Ова се тешки моменти во општеството, после голема трагедија. Сите повикуваат на сплотеност, но таа сплотеност мора да биде изградена со однесувањето на сите чинители во општеството. А прв пример во тоа треба да биде власта. Институциите имаат обврска да изнесуваат навремени и точни факти, а медиумите кои известуваат треба да се придржуваат на етичките норми предвидени за известување за вакви трагедии, подвлече тој.

Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. По несреќата во Кочани, Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна жалост на територија на цела држава.

Двајца новинари на Телевизија 21 и еден новинар на агенцијата „Ројтерс“, државјанин на Република Србија, вчера беа однесени и задржани во полициската станица „Центар“ бидејќи го снимале со дрон јавниот собир на Плоштадот Македонија во Скопје.

Јавниот собир се одржа поради трагедијата во Кочани во која по пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Новинарите се задржани во полициската станица повеќе од час и половина.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека неколку новинари се повикани на разговор бидејќи немале дозвола за снимање со дрон.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал јавниот собир во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со забраната.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаМВРтрагедија во КочаниЏелал Хоџиќ
Next Post

АВМУ: Да се почитуваат највисоките професионални и етички стандарди при информирање за погребите на жртвите од пожарот во Кочани

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk