ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Истрагата за трагедијата во Кочани фокусирана само на минатото, Тошковски не поднесува оставка ни од морални причини

April 15, 2025 13:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата за кочанската трагедија е фокусирана само на минатото, а не и на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, обвинува опозицијата.

– Кој е одговорен за пожарот во кој згаснаа 61 млади животи а околу 200 млади луѓе беа повредени?

– Кој ќе одговара за пропустите во безбедноста, за кои директно се надлежни МВР и БЈБ?

– На денот на трагедијата, 16 март, актуелните функционери на ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ кои биле на позиции биле одговорни за безбедноста и морале да постапуваат. Ако затаиле контролните механизми и безбедноста, кои се под директна надлежност на ОВР Кочани, СВР Штип, односно МВР и БЈБ како е можно ниту еден од актуелните функционери да не биде приведен и да не биде опфатен со истрагата? Фактите говорат дека овие институции под директна надлежност на МВР не постапиле соодветно за време на кривично-правниот настан и непосредно пред него. Не само што не изготвиле безбедносен план и не направиле проценка на ризик, полицијата била на лице место кобната ноќ во диското – видела малолетници, пиротехника, непријавен настан, клуб без лиценца – и не презела ништо, велат од опозициската СДСМ.

Дополнително, додаваат од таму, МВР е надлежно и за дозволите и контролата на употреба на пиротехника во затворен простор –што е основна причината за пожарот.

„Тошковски наместо да дава политички изјави треба да одговори како е можно да нема никаква одговорност од актуелните полициски функционери кои биле на позиции тој ден? СДСМ инсистира на неселективна правда за Кочани. Никој не смее да биде заштитен. Истрагата не смее да продолжи да се води селективно насочена само кон минатото. Одговорност мора да има за сите, особено за оние пропустите во безбедноста, без разлика на функцијата или позицијата“.

Од најголемата по број на пратеници партија на Албанците – ДУИ велат дека во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин, како израз на совест и почит кон граѓаните.

– Во 1993 година, кога падна авион кај Скопје и Охрид со стотици жртви, министерот Пешев поднесе оставка. Кога потона брод со бугарски туристи, министерот Јанакиески направи исто, иако не беше прифатена. По трагедијата со Модуларната болница во Тетово, министерот и заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесоа оставки – иако неприфатени, тие покажаа морална одговорност. Дури и кога правдата потклекна под политички притисок во случајот со малиот Алмир, министерот за правда Билен Салиу поднесе оставка – како искрен чин пред неправдата. Но денес, по трагедијата во која загинаа над 60 млади луѓе – чие спречување беше директна надлежност на Министерството за внатрешни работи – ниту министерот, ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка. Напротив, со ароганција го покриваат сопствениот неуспех. Истата личност што требаше да превенира, денес ја води “истрагата”, обвинува други и преку политички притисоци врз обвинителството се обидува да склучи зделки за сопствено спасување, реагират од ДУИ.

Велат ова не е само морален пад на еден функционер – ова е вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност.

– Ова е систем што прво ги жртвува граѓаните, а потоа ја жртвува вистината. Одговорноста не е декларативна – таа се покажува со дела. Граѓаните бараат правда, политичка, институционална и морална одговорност, велат ДУИ.

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во емисијата „360“ истакна дека: „За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега од оние коишто се директно одговорни по закон во делот на безбедноста а тоа се функционерите во МВР кои на денот на трагедијата биле на позиции“.

– Има закони кои јасно ја пропишуваат одговорноста на функционерите во МВР и тоа функционери во различни делови и оддели на МВР, дали се тоа ОВР Кочани, СВР Штип, БЈБ, самото МВР, коишто морале да постапуваат вечерта кога се случила таа најголема и најстрашна трагедија од осамостојувањето до денес. А за коишто гледаме дека се исклучени и се уште се исклучени од истрагата, изјави Костова.

Костова додаде, дека станува збор за лица, за началниците и за функционерите во различните структури на МВР актуелни на денот кога се случила несреќата, кои согласно своите работни активности одговорности и функции, коишто ги носеле имале одговорност.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИМВРСДСМтрагедија во Кочани

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk