ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од Ниш до Приштина: Србија како главна порта за руското влијание

November 27, 2025 12:42
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Дестан ЈОНУЗИ

Русија преку Србија го проширува своето влијание на Балканот, а регионот одамна не е „потенцијално“, туку реално поле на активни хибридни операции. Ова го изјавува за Фронтлајн д-р Гуракуч Кучи – виш истражувач во Институтот за студии за хибридни војни и професор на Меѓународниот колеџ Универзум (UIC).

Кучи предупредува дека постои заблуда во јавноста дека Русија е далеку или премногу фокусирана на Украина за да се занимава со Балканот.

„Многумина сè уште сакаат да веруваат дека Русија е премногу далеку за да има реално влијание на Балканот или дека е премногу зафатена со Украина за да се занимава со нас… Но реалноста е сосема поинаква.“

Според него, Србија е клучната порта преку која Москва ги спроведува своите интереси во регионот.

„Русија не се обидува да влезе на Балканот, таа веќе со години е присутна. Србија е нејзината главна порта, изградена токму за таа улога… Хуманитарниот центар во Ниш не е хуманитарна помош, туку оперативна база за разузнавање и логистика.“

Кучи објаснува дека преку Србија и Република Српска, руското влијание се има проширено и во Црна Гора и во Македонија.

„Преку Србија и Република Српска, Москва прошири длабоко влијание во Црна Гора и Северна Македонија: изборни манипулации, интервенции во институциите, користење на религијата како политичко оружје и фондови маскирани како културни проекти.“

Тој додава дека и Албанија не е исклучок, каде се забележуваат различни економски канали на влијание, додека Косово, според него, е уште појасен пример за организирано дејствување.

„Од поддршката за Српска листа, до елементите поврзани со Вагнер што беа видени во немирите на север и насилството против КФОР, новинарите и косовската полиција — ова е операција, не спонтаност.“

Најопасниот сегмент од целата стратегија, вели тој, е контролираното создавање внатрешни поделби.

„Дебатата денес во регионот повеќе не е за руско-српското влијание, туку за нашите внатрешни поделби и конфликти — токму ефектот што го посакува Русија. Поделеното општество е нејзино идеално тло.“

Тој е дециден дека се додека повеќето зборуваат за ‘потенцијален ризик’, јас отворено велам: Балканот денес е активна сцена на руски и српски операции.

Истражувачите предупредуваат: Кремљ ја губи битката за наративите на Балканот

Продолжената руска агресија врз Украина и притисоците кон соседните држави го разголуваат длабокиот дефицит на аргументи во руската надворешна политика. Овој недостаток, според д-р Гуракуч Кучи – виш истражувач во Институтот за студии за хибридни војни „ОКТОПУС“ и професор на Меѓународниот колеџ Универзум (UIC), станува особено видлив во обидите на Кремљ да го користи Косово како споредбен пример во меѓународните дебати.

– Русија ја губи наративната битка со Косово, затоа што нејзината конструкција се темели на невистини и историски извртувања, истакнува Кучи.

Според него, Москва се обидува да ги оживее старите пропагандни матрици, но фактите од теренот ја демантираат.

Зошто нервозно реагираше Москва на изјавата од Брисел

Провокацијата доаѓа по изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која потсети дека „границите не можат да се менуваат со сила“.

Оваа формулација веднаш ја активираше реакцијата на Москва. Портпаролката Марија Захарова ја посочи независноста на Косово како пример за „насилно прекројување на српските граници“. Но, овие тврдења се во спротивност со историските записи, меѓународните пресуди и документите за злосторствата во 90-тите.

д-р Гуракуч Кучи

Историјата зборува спротивно од руските тези

Кучи потсетува дека Косово не е „одземено“ со сила, како што тврди рускиот наратив, туку дека токму Србија — со континуирана политичка, воена и демографска поддршка од Русија — со децении спроведувала насилни процеси врз албанското население.

Клучни факти:

Од 1918 година Косово се соочува со државно организирана колонизација со српско население.

Во 90-тите, по укинувањето на автономијата, Србија спроведува системска репресија и кршење на човекови права.

Во 1998–1999 година следуваат масакри, присилни депортации и геноцидни практики.

– Без интервенцијата на НАТО, Косово ќе беше целосно етнички исчистено, вели Кучи.

Тој потсетува на бројките: над 800.000 протерани, до 14.000 убиени цивили, 19.000 силувани жени и девојки, и 1.600 исчезнати.

Пресудата што ја поништи руската реторика

Одлучувачки момент во колапсот на руската аргументација е мислењето на Меѓународниот суд на правдата — иницирано по барање на Србија, со поддршка од Русија.

Пресудата беше јасна:

Прогласувањето независност на Косово НЕ го прекршило меѓународното право.

– Ова го остави Кремљ без основниот правен столб на кој се темелеше неговата реторика, вели Кучи.

Според него, Москва од тој момент се потпира исклучиво на политички наративи, а не на факти.

Косово како инструмент, не како аргумент

Истражувањето на „ОКТОПУС“ покажува дека Кремљ го користи Косово исклучиво како диспозитивна алатка во надворешната политика, особено во контекст на преговорите за Украина.

– Ова е вештачка споредба, создадена за домашна употреба и за манипулација со српската јавност,“ вели Кучи.

Но, според него, токму оваа конструкција се покажува како контрапродуктивна:

„Русија ја губи битката со фактите. Косово не е аргумент за Москва — туку доказ против нејзината пропаганда.“

Tags: ЕУЗападен БалканКосовоСрбијаУкраина
Next Post

Поделбата меѓу Републиканците за Украина излезе во јавноста откако Џ. Д. Венс го нападна лидерот на Сенатот, Мич Меконел

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk