ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зеленски в недела на средба со Трамп – многу работи може да се решат пред Нова година

December 26, 2025 18:37
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Зеленски Трамп мировен план

Фото: Скирншот, АП

Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека викендов ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, во рамки на продолжените разговори за ставање крај на целосната руска инвазија врз Украина, пренесува Би-Би-Си.

Зеленски изјави дека очекува средбата да се одржи во недела и дека фокусот ќе биде ставен на мировниот план од 20 точки поддржан од САД, како и на посебни предлози за американски безбедносни гаранции за Украина.

„Нашата задача е да се погрижиме сè да биде 100 проценти подготвено“, изјави Зеленски, додавајќи дека планот во моментов е „90 проценти завршен“.

На социјалните мрежи тој напиша дека не се губи ниту еден ден во дипломатските напори.
„Договоривме средба на највисоко ниво – со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се решат пред Новата година“, порача Зеленски.

Во меѓувреме, од Кремљ соопштија дека продолжуваат контактите меѓу Москва и Вашингтон. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека висок советник на рускиот претседател Владимир Путин одржал телефонски разговори со американски претставници и дека Русија останува посветена на преговорите.

Москва зборува за „бавен, но стабилен напредок“ во разговорите, но досега не се изјасни за предлогот на Зеленски – Украина и Русија истовремено да ги повлечат своите сили од делови на источниот регион Донбас.

Украина, пак, инсистира на цврсти безбедносни гаранции од САД како дел од секој можен договор. Зеленски сугерираше дека демилитаризирана „слободна економска зона“ би можела да биде решение за делови од Донбас кои Русија не успеала да ги заземе со воена сила.

Белата куќа предложи воспоставување демилитаризирана зона во источна Украина, каде двете страни би се обврзале да не распоредуваат трупи, што би овозможило компромис без директно решавање на прашањето за правниот суверенитет врз спорните територии.

Зеленски најави дека Украина би можела да се повлече до 40 километри од сегашната линија на фронтот за создавање економска зона, но само доколку Русија го стори истото од окупираните делови на индустриското срце на Донбас.

Иако Кијив успеал да издејствува измени на претходниот нацрт-план од 28 точки, кој според дел од аналитичарите бил поповолен за Москва, Зеленски призна дека прашањето за територијата останува најтешко за решавање, заедно со иднината на нуклеарната централа Запорижја – најголемата во Европа, која моментално е под руска контрола.

Во меѓувреме, борбите на терен продолжуваат. Градоначалникот на Харкив соопшти дека две лица загинале, а повеќе биле повредени во руски воздушен напад. Украинските воздухопловни сили објавија дека во текот на ноќта биле соборени 73 руски дронови.

Ј. Ѓ.

Tags: Војна во УкраинаЗеленскисредбаТрамп
Next Post
Ерол Шакири. Фото: Скриншот, видео ЦивилМедиа

Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk