ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руската приказна за напад со дронови на резиденција на Путин се поизвесно дека е лага, САД се сомневаат, Зеленски бесен на Индија и Емиратите

December 31, 2025 07:10
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Ви

Фото: Ви

Share on FacebookShare on Twitter

Украина остро ги демантира руските тврдења дека нејзини сили извршиле напад со дронови врз една од резиденциите на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи ги како целосна измислица насочена кон поткопување на мировните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва свесно пласира лажни информации за да оправда нови напади врз украински градови и да создаде изговор за заострување на својата преговарачка позиција.

Русија тврди дека украински дронови ја нападнале претседателската резиденција во Новгородската област, наводно со дури 91 дрон со долг дострел. За овие обвинувања не е приложен никаков доказ. Украинската страна ги нарече „типични руски лаги“, со цел да се оправда продолжување на агресијата и одбивањето на Москва да преземе реални чекори кон прекин на војната.

САД се сомнева во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин, бараат разузнавачки докази

Сомнеж во руската верзија изразија и Соединетите Американски Држави. Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, изјави дека не е јасно дали инцидентот воопшто се случил и дека ќе се потпира исклучиво на проценките на американските и сојузничките разузнавачки служби. Тој оцени дека би било „непромислено“ Украина, која инсистира на мировен договор, да преземе чекор што би можел да се протолкува како ескалација во чувствителен момент од преговорите.

Белата куќа и американската разузнавачка заедница засега одбија официјален коментар за наводниот напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп, по телефонски разговор со Путин, изјави дека бил информиран за наводниот инцидент и дека информацијата го „разгневила“, но призна дека сè уште нема потврда за тоа што навистина се случило.

Зеленски остро кон Индија и Обединетите Арапски Емирати

Зеленски упати и остра критика кон Индија, Обединетите Арапски Емирати и други држави кои ги осудија наводните украински напади, а притоа молчат за континуираните руски бомбардирања на украински градови, пренесува Кијив Индипендент.

„Збунувачки и неприфатливо е што некои земји осудуваат настан кој воопшто не се случил, додека со месеци молчат за убиствата на цивили и бомбардирањето на нашите деца“, изјави Зеленски на онлајн прес-конференција со украински новинари.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати претходно објави соопштение во кое го осуди „гнасниот напад“, иако земјата нема понудено докази, а во исто време одржува блиски економски и политички врски со Русија. Индија, пак, повика на воздржаност од двете страни, без директно да ја осуди руската агресија.

Дипломатски напори и застој во преговорите

Во услови на зголемени тензии, Кијив најави серија средби на високо ниво со САД и европските сојузници на почетокот на новата година, во обид да се задржи преговарачкиот процес. Според аналитичарите, ваквите руски обвинувања имаат јасна цел – да се саботира секоја можност за дипломатски напредок.

„Целта на Москва е да го наруши секој обид за договор. Путин нема вистинска намера да ја заврши војната преку преговори“, оценува рускиот колумнист Сергеј Пархоменко.

Редакција Фронтлајн

Tags: дронЗеленскиПутинрезиденцијаСАДУкраина
Next Post

Година без алиби

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk