ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Властите заедно со медиумите мора да промовираат медиумска писменост, истакна Дејвид Гир

Денеска делегацијата на ЕУ го означи почетокот на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“

January 25, 2023 16:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Алек Ризински

Фото: Алек Ризински

На денешниот настан присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој рече дека земјава се наоѓа во многу важна фаза од процесот на приклучување кон ЕУ.

Фото: Алек Ризински

Евроамбасадорот Гир истакна дека важни се длабинските реформи, не само поради условеноста, туку и за да се изгради општество кое е отпорно, конкурентно, кое одговара на потребите на граѓаните и ги штити нивните фундаментални права, вклучително и во насока на слобода на изразување и слобода до пристап на информации.

Фото: Алек Ризински

Гир додаде дека властите, заедно со медиумите во земјава мора да промовираат медиумска писменост. Медиумите имаат важна улога да и дадат на јавноста точни, фактички информации за важните прашања како и за процесот на приклучување кон ЕУ.

– Ова е многу важно особено во контекст на масовните извори на лажни вести. Властите мора заедно со медиумите и граѓанскиот сектор, да промовираат медиумска писменост, способност на граѓаните да ги сфаќаат информациите, со што се гради отпорност кон лажните вести и дезинформациите, рече евроамбасадорот и упати апел до сите политичари и креатори на политиките да ја почитуваат улогата на медиумите за да се сигурни дека можат да функционираат без никакви притисоци.

Фото: Алек Ризински

Гир нагласи дека доколку до 31 мај Северна Македонија ќе изгуби пристап до програмата и ќе ја изгуби можноста за користење на Креативна Европа, доколку до 31 мај целта за усогласување на националното законодавство со директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ не се постигне.

На настанот присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и директорот на Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.

Фото: Алек Ризински

Алити ја истакна неопходноста за медиумските реформи и додаде дека во таа насока е и самиот проект на МИОА во координација со Делегацијата на ЕУ за усогласување на националното законодавство за медиуми со легислативата на ЕУ и медиумските стандарди.

Тој рече дека треба да се испорача целосно усогласување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со директивата на ЕУ и додаде дека реформите се жив процес кој расте и постојано се надградува.

– Станува збор за сеопфатен проект кој треба да го испорача еден од главните резултати – целосно усогласување на законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со директивата на ЕУ за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2018. Реформите треба да бидат во континуитет, да не запираат, да не завршат само со еден или два проекти, со обична измена на еден закон или со усогласување со една директива, рече Алити, истакнувајќи дека нам како општество ни треба и моќен јавен радиодифузен сервис кој ќе ја извршува својата основна улога да информира и едуцира и кој ќе биде ослободен од влијанијата на политичките центри на моќ.

Фото: Алек Ризински

Исто така, се надоврза тој, ни треба и силен и независен регулатор кој проактивно ќе ја следи состојбата во медиумите.

– Очекувам за сите овие предизвици да се предлагаат решенија и идеи од сите засегнати страни во периодот кој следи, заклучи Алити.

Фото: Алек Ризински

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска нагласи дека слободата на изразување е една од најголемите вредности на модерното, демократско општество и клучен елемент на евроинтеграцијата на државата. Проектот, според неа, е директна помош и поддршка од ЕУ за побрзо усогласување на македонското законодавство со директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ – зајакнување на институционалниот капацитет, како и обезбедување независност на националното регулаторно тело за медиуми.

Андреја Ристески

Tags: Дејвид ГирЕУЕУ за слободата на изразувањемедиумимедиумски стандардиСеверна Македонија
Next Post
Ана Василевска

Ќе го најде ли браварот-детектив клучот на срцето на МКЦ или Арсовска ќе инсталира салунска унгарска врата?

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk