ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Масовни протести во Тирана; Мекгонигал ја загрозил националната безбедност на САД; маратонска дебата во косовското собрание за „Заедницата“

March 3, 2023 12:23
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Протестите на опозицијата во Албанија продолжуваат, а медиумите јавуваат дека илјадници протестанти од цела држава денеска се упатени кон Тирана. Државниот обвинител на САД, Мерик Гарланд изјави дека постапките на Мекгонигал претставуваат загрозување на националната безбедност на САД. Во косовското собрание се одржа маратонска седница на која пратениците дебатираа за Европскиот предлог за договорот помеѓу Србија и Косово.

Ова се само дел од денешните теми од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

Визион Плус: Демократите од Корча, Валона и Скадар се упатија  кон Тирана на протест

„На протестот на 3 март што го свика лидерот на Демократската партија Сали Бериша ќе има големо учество и од ограноците на Демократската партија во југоисточниот регион.

Околу 1000 луѓе заминаа од округот Валона, трите општини кои се вклучени во Валона, Химара, Селеница, во насока на протестот во главниот град што опозицијата ќе го одржи денеска. Околу 2.000 демонстранти  од Скадар се упатија  на протестот на опозицијата во Тирана.“, пишува во денешниот извештај за текот на протестите во Албанија, во албанскиот медиум Визион Плус.

Панорама – Јавен обвинител на САД за Мекгонигал: Ако некој од странство плаќа службеник, тоа ја загрозува националната безбедност

„Случајот „Мекгонигал“ , поранешниот функционер на ФБИ кој е обвинет за злоупотреба на службената положба, примање руски пари, ја потресе американската политика. По овие обвинувања доаѓа и силна реакција од државниот обвинител на САД, Мерик Гарланд. Тој категорично рече дека ако некој од странство плати службеник, тоа ја загрозува националната безбедност на Америка.“, пренесува албанскиот дневник Панорама.

РТВ 21 -Пратениците дебатираа до доцните часови, Курти: „Заедницата“ не поминува во влада

„Косовските пратеници разговараа за дијалогот Косово-Србија до 2 часот по полноќ, а за тоа време владата се судри со пратениците од опозицијата околу европскиот план, кој беше договорен во понеделникот во Брисел.

Премиерот Албин Курти изјави дека „Заедницата“ не поминува во владата , иако поминала во парламентот. Првиот човек на седницата за дијалог додаде дека содржината не е променета на полошо, туку опозицијата декларативно се променила на подобро. Тој додаде дека Србија не успеала да го наметне спроведувањето на „Заедница“ како предуслов.“, пренесува косовската РТВ21.

Бота Сот: „Србија го прифати Косово како држава во секој став, Членот 4 води во ОН“

„Во секој став од договорот Косово е држава, Вучиќ ги измами српските пратеници и граѓани“, изјави потпретседателката на Српската народна партија, Санда Рашковиќ Ивиќ, говорејќи за план-предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

КланКосова: Во акцијата „Брезовица“ одземени 84 илјади евра и 22 автомобили

Основното обвинителство на Феризај разви голема акција за случајот „Брезовица“, а досега се уапсени 15 лица. Обвинителот на случајот Расим Малок соопшти  дека се одземени 84 илјади евра и 22 автомобили, пренесе косовската КланКосоваТВ.

Сури Нет: За преамбулата

„Дури и преамбулата на текстот на Договорот меѓу Косово и Србија (француско-германскиот план), освен текстуалното образложение, не произведува обврски што директно произлегуваат од него, ниту експлицитно го наведува фактот дека преамбулата има поголема важност од другите одредби (11 члена од текстот) .“, извадок од колумната „За преамбулата“, од авторот Виган Ќороли, објавена во косовскиот медиум Сури Нет.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

 

Tags: Албански медиумимедиуми
Next Post

Клиника „Жан Митрев“: Продолжуваме да спасуваме животи и со блокирани сметки

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk