Политичкиот аналитичар, Ацо Лукароски во објава на Фејсбук прави компарација на случувањата во парламентите на Македонија и Шведска и на реакциите на политичките партии и граѓаните на двете држави кога се исправени пред сериозни предизвици.
„За да може Шведска да влезе во НАТО, по барање (или што би рекол Мицкоски ‘под диктат’) од страна на Турција, МОРАШЕ во својот парламент да смени некакви анти-терористички закони и ДА ГО СМЕНИ УСТАВОТ.
И ги смени.
Ниту една партија во Шведска не кажа дека нема да менува устав и закони ‘под диктат од Турција’.
Затоа Шведска е Шведска.
И затоа Македонија е Македонија.
Мене Мицкоски и не ме чуди. Тој секако мора да блокира. Затоа е и поставен за лидер во ВМРО. Туку ме чудат оние Македонци коишто, иако сакаат да сме членка на ЕУ, само заради омраза кон СДСМ ја жртвуваат перспективата на Македонија и свесно се насукуваат во вмровската мрежа!
„Шведскиот парламент гласаше за промена на уставот што ќе овозможи зајакнување на борбата против тероризмот, што го бара Турција за да го поддржи влезот на Шведска во НАТО“, пишува Лукароски.