ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Мицкоски си игра политички руски рулет

Неразумното неприфаќање на уставните амандмани се заканува да ја оттргне Македонија од прогресивната меѓународна коалиција. Мицкоски да застане, добро да ги прочита пораките на Агелер и на другите од меѓународната зашто нема да биде амнестиран заради погрешни одлуки.

August 12, 2023 10:47
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ

Интервјуто на амбасадорката на САД во нашата земја Анџела Прајс Агелер сѐ уште ја бранува македонската јавност, особено меѓу опозицијата и предизвика лавина од коментари меѓу експертите и аналитичарите.

За Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија, во интервјуто на амбасадорката на САД Анџела Агелер, уште еднаш, експлицитно и многу јасно ни се дава до знаење дека измените во уставот се неопходни и недвосмислен императив кон патот за членство во ЕУ. Таа со јасни дипломатски ставови ни докажува колку сериозно американската администрација е инволвирана во намерата нашата земја да успее да ја совлада и оваа пречка и конечно да го потврди ставот на огромното мнозинство на граѓаните дека  евростлантската интеграција е без алтернатива.

– Пораките на амбасадорката на САД Анџела Агелер се адресирани до пратениците, избрани од народот, како најкомпетентни и најодговорни, бидејки нивното гласање е одлучувачко, за продолжување на преговорите со ЕУ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, треба да застане, добро да ги прочита пораките, да размисли од кого и за кого тие се однесуваат и која е силата негова да опонира на вакви и слични пораки кои му се упатуваат. Неговите лажни т.н.патриотски флоскули и ветувања дека ќе преговара подобра рамка за преговори, јасно ги открива и амбасадорката Агелер. Таа со нејзина извонредна дипломатска пристојност, освен што му го пренесува ставот на САД, јасно го упатува и до ставот на ЕУ искажан од амбасадорот Дејвид Гир, категоричен е искусниот политичар и аналитичар Исмет Рамадани.

Рускиот рулет на Мицкоски

Рамадани укажува дека како што се доближува денот на одлуката, Мицкоски ќе се најде во ситуација која ќе наликува на политички руски рулет или Шекспировото,,To be or not to be”.

– Jасно е дека ,,човекот” е турнат, или сам влезен, во жешка желба да стане премиер, но такво нешто не се остварува со опонирање кон стратешка цел на земјата да припаѓа на евроатлантската опција, зацртана и афирмирана од осамостојувањето, и од тогашното ВМРО-ДПМНЕ, барем така ни се чинеше, посочува претседателот на Евро-Атлантскиот совет на Македонија Рамадани.

Во разговорот за Рацин.мк, Рамадани вели дека во пораките на амбасадорката Агелер има искрена намера да му се помогне на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Треба да му  се помогне, а и јас се вклучувам во тоа, да најде некакво алиби и да се извлече од овој жив песок на политичко самоубиство. Амбасадорката на САД и сега, и многу пати досега, укажува како и каде се води политичка битка за функционирање на една правна и демократска држава, со посебен осврт кон некомпромисната борба против криминалот и корупцијата, вели Исмет Рамадани.

Тој вели дека амбасадорката Агелер испрати јасна порака и до пратениците кои одлучуваат со политичка одговорност кон народот што ги гласал. Другите чинители во политиката и слободноумните интелектуалци имаат право на мислење, вели Рамадани, н тука престанува нивната одговорност, а оние кои се одговорни за носење одлуки, доколку направат евентуална стратешка и геополитичка утка, нема да бидат амнестирани пред граѓаните и во пошироката јавност.

– Да се приклучиме кон добронамерните пораки на амбасадорката Гелер која ни потврдува дека нејзината земја САД цврсто стои зад нас како стратешки партнер. Политичка лудост е да се одбие ваква подршка. Дали има некој против? Нема!!!, потенцира претседателот на Евро-Атлантскиот совет на Македонија Рамадани.

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО за Рацин.мк вели дека амбасадорката Агелер уште еднаш укажа дека е илузија дека е можно поништување или репреговарање на преговарачката рамка со ЕУ и дека отстапувањето од тоа што сте го потпишале е неприфатливо во меѓународните односи и во меѓународното јавно право, бидејќи самиот акти е потпишан со знаење на целата меѓународна и домашна политичка јавност и воедно потпишан е договор со ЕУ.

– Лажни и „пукањето во празно“ се опциите на одредени експерти и политичари дека тие ќе го поништеле и ќе постигнеле нов договор, нова преговарачка рамка со ЕУ. Такво нешто нема да прифати ниту ЕУ, ниту меѓународната заедница и затоа сметам дека ова е завршена работа, истакнува Нано Ружин.

Ружин дополнува дека таквото залагање служи само за подигање на рејтингот и ја држи во неизвесност иднината на земјата со лажните ветувања дека кога ќе дојдат на власт ќе постигнат подобар договор

– Она што можат да го направат е едноставо да не го исполнат договорот, но тогаш ќе следуваат одредени санкции и перманентното одолговлкеување и отстапување на од нашите европски амбиции, посочува универзитетскиот професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин.

Македонија не може да си дозволи да го руши фронтот во борбата против авторитаризмот

Со Ружин го разгледавме и прашањето дали одбивањето да се прифатат уставните измени е, всушност, опструирањето на утврдената геополитика на нашите партнери, во чие донесување учествуваме и ние како членка на НАТО или како кандидат во преговори за членство во ЕУ, и дека тоа може да има далекусежни последици за земјата и за регионот?

– Како што знаеме во источна Европа се води војна и целокупната меѓународна заедница, ЕУ, НАТО и држави кои не се во овие сојузи, но се раководат од демократски и либерални принципи, практично се свесни дека се работи за битка за помеѓу авторитаризмот, односно помеѓу оние кои што го посакуваат авторитарзимот и демократијата. Тоа е битка којашто е стратешка, повеќе валентна и којашто се одвива во Украина, но и пошироко. Во тој контекст отстапувањето од договорот ќе значи и отстапување од геополитичката целост на ЕУ и се руши фронтот на солидарност, взаемност и на заедницата на демократските општества коишто се профилирани и во соработката на Северна Македонија со ЕУ, со САД и секако НАТО, категоричен е поранешниот амбасадор во НАТО Ружин.

Ружин смета дека доколку Северна Македонија не ги усвои уставните амандмани ќе предизвика голем гап во регионот бидејќи ќе се „наруши“ двојката Албанија Северна Македонија. Од друга страна се следат и ризиците од лавирањето на Србија, како и политичката криза во Црна Гора и Босна и Херцеговина.

– Затоа од Македонија се очекува најмногу и секое оспорување на договорот и запирање на преговорите ќе претставува отстапување од геостратегиските интереси на прогресивниот дел од светот каде што припаѓа и нашата земја. Укажувањата на амабасадорката на САД Гелер предупредуваат дека отстапувањето од оваа коалиција во овој момент на меѓународна политичка тензија, ќе претставува удар кон оние сили коишто посакуваат да дојде победа на демократските субјекти во Европа и во светот. Македнија тоа не смее да си го дозволи, рече во разговорот за Рацин.мк универзитетскиот професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин.

Извор: Рацин

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АгелерМицкоскиуставни амандмани

НАЈНОВО

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk