ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВОЈНА НА ЗБОРОВИ – Груевски „резимира“: Мицковски и раководството на партијата сурово, жестоко и неочекувано ме нападнаа и обвинија

September 22, 2023 13:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се разгори војната на зборови меѓу Груевски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски не може да го скрие својот гнев, а во своите две објави на социјалните мрежи тргнува во отворена битка, каде што може да се забележи дека се воздржува да ги изнесе сите „валкани алишта“, но не се воздржува да упати и (не толку) суптилни закани.

Тој открива дека е крајно разочаран од своите, да ги наречеме, човечки проекти или, поточно политички фигури од крв и месо, кои тој во текот на своето авторитарно и клептократско владеење ги разместуваше низ политичката шаховска табла.

Интересно е да се забележи дека во своите објави, Груевски открива нешто што на пошироката јавност не ѝ беше познато, а тоа е дека Мицкоски и дел од раководството на партијата се однесувал крајно нечовечки кон него. Во што се состои тој нечовечки однос на Мицкоски, засега останува непознато, но ќе биде интересно да се дознае. Навидум, Мицкоски беше во хармонични односи со својот креатор, ментор и заштитник. Испадна дека тоа, сепак, не биле романтични контакти и средби.

Истовремено, останува прашањето за „политичкото наследство“. Ако имало толку длабок раскин меѓу нив и во претходниот период, прашање е зошто Мицкоски никогаш јавно не се огради од Груевски, а ниту од политиките и практиките на партијата за време на режимот. Не е тешко да се претпостави зошто е тоа така. Мицкоски е дел од таа вмровска матрица и не се разликува од својот ментор, практично во ништо, освен во личните капацитети.

Се разбира, уште поважен е прагматизмот на Мицкоски, кој до скоро и не помислуваше да се осмели јавно да го напушти Груевски. Тој се плаши дека дури тогаш ќе ги изгуби своите позиции, имајќи предвид дека Груевски, дури и по неколку години по бегството од правдата во удопствата на Будимпешта, ужива висок рејтинг во земјата.

Но сега, како што гласат голем број наслови во медиумите, тиквата пукна, така што може да се очекува многу „валкана долна облека“ да замириса на социјалните мрежи и во медиумите.

Резиме: Мицкоски со нечовечки однос кон својот ментор, води валкана кампања

Груевски, во Фејсбук објава, ја „резимираше“ својата одбрана од, како што ја нарече, „однапред подготвената кампања“ против него. На својата објава закачи и фотографија од себе, насмеан.

„Деновиве Христијан Мицковски и раководството на партијата сурово, жестоко и неочекувано за мене ме нападнаа и обвинија, а од денес е јасно дека водат однапред подготвена кампања против мене, дека наводно сум подготвувал соработка со власта на штета на партијата и нацијата“, пишува Груевски чиј тон е во контраст со насмеаниот лик што самиот го поставил во објавата.

Тој не пропушти да ги стави Мицкоски и Заев во ист кош, за кои наведува дека имале блиска соработка и заеднички планови кои „повеќе од половина година не ги негираа“.

Воедно, Груевски се пофали дека тој „континуирано и без исклучок речиси секојдневно жестоко ја напаѓам власта со сите сили и аргументи, и ги бранам националните позиции со аргументи и со историски факти како ниту еден од раководството на партијата, на чело со Мицковски“.

Груевски вели дека нападите од Мицкоски и неговите истомисленици „не се вистина“ и дека „не можат да ги поткрепат ниту со најмал доказ“.

„Мицковски кој се обидува да ги инволвира сите други, свесно, со намера, подолго подготвувано, со план и стратегија, маркетинг кампања и однапред програмирани чекори започнаа не само напад, туку и валкана кампања против мене, токму со цел да ме направат нивни противник и да ни направат штета. Многу долго време сум бил на таа позиција на која е Мицковски сега, за да не сфатам кои му се намерите и мотивите“, остро пишува Груевски против својот политички пулен и човек-проект кој му излезе од контрола.

Груевски анализира кои се причините за нападот против него

„Резимирајќи“ така, Груевски се осврнува на можните причини за „кампањата“ против него, па вели дека ова се случува поради страв, заради погоре споменатото „крајно нечовечкото однесување на Мицкоски и поединци во раководството на партијата“ кон него.

Груевски не заборава да каже дека еден дел од нив самиот тој ги донел во партијата, а дел растеле во политиката покрај него. Но тоа, според разочараниот и револтиран Груевски, е придружено со, како што вели, меѓу другото: влијанија од надвор, скриени агенди, тајни планови, нечесни планови и нечесен однос, нервоза и незадоволство од некои анкети, лични амбиции и длабоки комплекси…

Еве го целиот параграф како што го напишал Груевски, да нема недоразбирања:

„Има повеќе можни причини за тоа, тргнувајки од страв заради крајно нечовечкото однесување кон мене на Мицковски и на овие поединци во раководството на партијата во последните 6-7 години, кои дел ги донесов а дел растеа покрај мене во политиката, па до влијанија од надвор, докажувања некаде, скриени агенди, тајни планови за важни прашања, не чесни планови и нечесен однос, нервоза и незадоволство од некои анкети, лични амбиции и длабоки комплекси на поединци итн.“, пишува тој.

Тој во објавата најави дека, откако денес му станало јасно дека е мета на кампања од Мицкоски, „ќе морам подетално да ги анализирам овие работи“, а им се обрати и на членовите на партијата, активистите и сите во раководството, да не наседнуваат на „погубните стратегии“.

(Не толку) суптилна закана и повик на лојалност

„На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситуација да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично“, пишува тој.

Овој дел од неговата објава, за повнимателниот читател, а и познавач на практиките на Груевски, содржи и закана: „за да не се еден ден во ситуација да се извинуваат и да се правдаат“. Со други зборови: внимавајте што правите, затоа што еден ден ќе се извинувате и правдате, ама јас нема да ви простам.

Заканите продолжуваат и во следниот параграф, каде што Груевски им порачува на членовите да се тргнат од „ботовите и платените пропагатори“ и дека членовите имаат многу начини да ја изразат својата лојалност кон партијата.

Ова очигледно е голема игра во која сакаат да ве повлечат сите. Да не речете потоа: па што не ни кажа? Па одкаде ние да знаеме сѐ? Тргнете се од ботовите и платените пропагатори. Имате многу начини да ја изразите лојалноста кон партијата без да станете дел од нечесни игри.

Со други зборови, ги повикува да ја изразат својата лојалност кон него.

Кога Мицкоски ќе стане МицкоВски

Можеби е само детаљ во целата прикаска, но Груевски го пишува презимето на својот доскорешен штитеник со „в“ – Мицковски, иако поголемиот дел од неговата влада своевремено ја исфрлија таа буква од своите презимиња. Сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како Мицкоски, но неговиот поранешен шеф и заштитник го наведува како Мицковски.

34 минути подоцна… Груевски ги пердаши Марјан Ѓорчев и Антонио Милошоски

Како и да е, Груевски не се воздржува, па 34 минути подоцна продолжува со своето „резиме“ со нова објава која почнува со зборовите „и ќе заборавев“, откривајќи дека неговото расположение е далеку од тоа што сака да го прикаже со насмевката на фотографијата.

Груевски го потроши вториот ФБ шаржер на Мајран Ѓорчев и Антонио Милошоски. Па вели дека кога сите го напуштиле Ѓорчев, тој му подал рака и го направил прво градоначалник, а потоа и амбасадор (8 години).

„Благодарам Марјане. Јака “штикла” си станал во партијата сега! Советник на ИК! Честитки! Само напред! Гази!“ – пишува Груевски, гневен и разочаран.

Дел од скриншотот што го приложува Груевски кон својата објава

Милошоски во пост скриптум

Тој го става Милошоски во пост скриптум, велејќи дека ќе се воздржи да зборува за него, иако го направи партали.

„ПС. За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам. Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато“, напиша Груевски, отворајќи уште една дилема: Милошоски или Милошевски? Можно ли е Груевски да не знае како точно се презиваат нему толку блиски луѓе?

Груевски, иако вели дека ќе се воздржи, всушност, со краен презир напиша неколку редови кои се длабоко навредливи и омаловажувачки, опишувајќи го како превртлив и подмолен.

„Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот“, открива Груевски, предвидувајќи крај за Мицкоски и дека Милошоски исто ќе се однесува и кон него.

„Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден“, пишува поранешниот прв човек на режимот што ја изолира, поларизира и осиромаши земјата.

Можеби некои ќе речат дека ова е време за пуканки и сеир, но јас не би рекол така. Сите конфликти во онаа мала бара полна со крокодили и други политички влекачи, цицачи и едноклеточни организми во Белата Палата, никогаш не завршуваат добро, како за тепачите, така и за тепаните, а најлошо поминуваат „случајните минувачи“.


Тексто е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Антониот МилошоскиВМРО-ДПМНЕвојна на зборовиМарјан ЃорчевНикола ГруевскиХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk