„Зошто да ги пропуштаме можностите за членство во ЕУ затоа што ВМРО-ДПМНЕ како политичка структура не е спремна да понесе одговорност за ниту едно прашање. Спорот со Грција го спомнав, истото ќе ни се случи и сега ако одбиеме. Ова го кажувам за да бидеме свесни што не очекува. Сите ќе тргнат напред, а ние ќе останеме во место. Во 2030 година сум убеден дека ќе има нови членки на унијата, без разлика на која форма ќе биде, меѓу нив сигурно ќе бидат и Украина и Молдавија“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека одредувањето на тоа кои балкански држави ќе влезат во групата зависи од нивниот перформанс.
„Ако гледате во минатато, секое проширување е политичка одлука со таа разлика што од 93 од воведувањето на Копенхагенските критериуми, секое проширување, покрај политичка одлука бара и преговарачки процес во кој ќе се усогласите со законодавството на ЕУ, а потоа и со имплементацијата во пракса“, заклучи Маричиќ.