ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кој се „израдува“ на наводното загинување на 30 македонски државјани на боиштата во Украина

March 19, 2024 12:15
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Начинот на кој одредена вест се презентира кај одредени македонски медиуми, некритичноста, контекстуалноста и централизираноста која се користи при нејзиното пренесување може да се искористи да и се даде посакуваната насоката според патоказите на руските пропагандни наративи.

Очигледен пример за тоа како функционира руската пропаганда во дел од македонските медиуми е последното сензационалистичкото и некритично пренесување на веста споделена од руското Министерство за надворешни работи дека од 90 македонски државјани кои се пријавиле да се борат на украинска страна, 30-мина од нив веќе се убиени.

Одреден број македонски медиуми, координирано, (како) под команда, со сензационалистички наслови, ја пренесоа оваа вест на руското МНР, без притоа воопшто да се посомневаат, ниту со еден прашалник на крајот од реченицата, во вистинитоста на ова тврдење, за кое руската страна не нуди никакви релевантни докази. За проверка од трета независна страна не станува ниту збор, а воопшто не се ни прашува за методите преку кои е дојдено до ваквата (дез)информација.

Со ваквото ревносно ширење на недокажаните тврдења на руското МНР, се добива впечаток дека меѓу редовите недостасуваат зборови на восхит и изблик на радост кај домашните медиуми кој ја пренесоа веста дека наводно, на боиштата во Украина загинале нивни сограѓани.

Според кои методи руската страна го утврди учеството и бројот на загинати, дали добиле список со имиња како при туристичка посета при влез во земјата, или им ги проверувале личните документи на загинатите. И во двата случаја, изгледа неверојатно руската пропаганда немаше да се воздржи да ги објави нивните имиња, како поткрепа на своето тврдење. Нешто што во случајот, очигледно изостана. Ниту пак нашите медиуми се зарашаа, дали таквата информација, руското МНР, по протокол, ја спровело до македонското МНР / МВР, па и од таму да побараат изјава.

Ова секако не е прв пат. Ваква вест од руското МНР за загинати македонски војници се појави и во август 2022 година, само тогаш се манипулираше со малку помали цифри. И тогаш  македонското МНР излезе со соопштение дека не располага со релевантни информации поврзани со евентуалното учество на наши државјани во војната во Украина, ниту зазагинати македонски државјани во војната во Украина.

 

Епилог со докази за изнесените тврдења тогаш изостана, а како што може да се забележи, голем дел од медиумите кои тогаш известија за наводно учество и загинување на македонски државјани во војната во Украина се истите кои и сега ја пренесоа информацијата со слична содржина од руското МНР.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ Медиа, откако не најде релевантен доказ од други, независни извори, се обрати за информација до Украинските власти, од каде добивме одговор од нашите извори во владиниот сектор на Украина дека немаат такви информации, и дека во однос на бројките што ги дистрибуира само руската страна, тие можат да се сметаат за руска пропаганда.

Во исто време, препорачуваме проверка и недоверба на информациите што се појавуваат само во еден извор, велат извори од украинскиот владин сектор за ЦИВИЛ.

Во исто време, мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува дека со ова се фрла сомнеж врз наративите кои во последно време (во пресрет на парламентарните и изборите за претседател на државата) ги споделуваат високи функционери на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, кои преку средствата за јавно информирање со своите изјави го минимизираат, па дури и целосно го негираат руското влијание во Северна Македонија, следејќи ги наративите на руската пропаганда што ја отсликува долгогодишната стратегија што ја користи Кремљ – да ја убеди јавноста дека не станува збор за руско влијание кога се толкува отпорот, разочарувањето и недовербата кон демократските институции во земјава, уверувајќи ја публиката дека сето тоа ќе се промени со нивното доаѓање на власт. Особено, ако се зема предвид тека меѓу медиумите кои ја пренесоа оваа вест за наводно загинување на македонски државјани во војната во Украина, се наоѓаат токму оние кои се поснати како големи поддржувачи, а некои се и под директната палка на најголемата опозициска партија.

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: загинати македонци во Украинамакедонски медиумируска пропагандаруско МНР

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk