ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реториката на Силјановска-Давкова е иста како и на Мицкоски, „27 април“ за неа не претставува насилство

March 21, 2024 15:14
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Кандидатката за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во својата политичка реторика воопшто не се разликува од онаа што ја користи партијата која ја предложи со 30 потписи на пратеници. Таа најави дека доколку стане претседателка на државата ќе ги помилува насилниците од настаните на „27 април“ – 2017 година.

„Тоа се случи за оние кои не сакаа амнестија, сакаат да ја докажат правдата. Ако не завршат постапките во Стразбур и ако сѐ уште се во затвор – да, ќе ги помилувам“, изјави кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Политичкиот аналитичар Дритон Зенку во изјава за „Фронтлајн“ вели дека ништо ново не се забележува од кандидатката на ВМРО-ДОМНЕ Гордана Силјановска – Давкова, и тоа не преставува нешто невидено.

– Реториката на госпоѓа Силјановска е позната и воспоставена низ годините. Во 2024 година гледаме повторување на 2019 година, и од кандидатката и од нејзината партија. Формулата за успех, ја нашле во средината на својот електорат и не менуваат ниту милиметар од своите позиции. Настаните од 27 април се нивно сценарио и тие продолжуваат да бидат во одбрана на насилниците кои ги извршиле нивните наредби. ВМРО-ДПМНЕ ја најде златната средина кај гласачкото тело и поентира само во вистинско време и место. И во иднина ќе гледаме идентични ставови, додека не дојде моментот на радикални промени во раководството на оваа партија. И во СДСМ сме виделе лидери како Бранко Црвенковски, но денес има сосема поинаков СДСМ. Ова ќе мора да се случи и во ВМРО-ДПМНЕ, вели Зенку.

Правникот Ќенан Алиу вели дека правото не трпи политичка реторика. Според него, она што го изјави кандидатката за претседател Силјановска Давкова e предизборна кампања.

– И за време на кампањата мора да се има предвид што се зборува, особено за чувствителните прашања. Дали таа ќе амнестира за случајот „27 април“, не можам да кажам, но едно знам дека, претседателот на државата може да амнестира само во согласност со законот, но не надвор од овластувањата предвидени со законот. Треба да се има предвид и дека Законот за амнестија мора да се прекомпонира во Собрание бидејќи има укинување на членот 11 од страна на Уставниот суд. Знаете дека претходниот претседател направи аболиција повикувајќи се на овој член 11, но тој член е непостоечки и не е дел од правниот поредок, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

Тој понатаму наведува дека доколку Силјановска стане претседател, ќе може да амнестира само она што ѝ го дозволува законот.

– Ако новиот состав на собранието го менува и пополнува законот и квалификацијата на кривичнитите дела, тероризам, не го трга од надлежност на претседателот за амнестија, тогаш може, поинаку не. Тоа на пример може да го направи само Собранието со посебен закон, подвлече тој.

Од друга страна тимот за комуникации на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во соопштение за јавност изразува сомнеж дали кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова навистина собрала онолку потписи од граѓани колку што тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници. Пред само две недели ВМРО-ДПМНЕ се фалеше дека за Гордана Силјановска Давкова се потпишале најмногу граѓани, се споменуваа бројки од 20.000, 25.000 потписи па и повеќе. Но на крајот, кандидатурата на Силјановска Давкова беше поткрепена само со триесеттина потписи на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјавија од тимот за комуникации на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Од таму прашуваат: Зошто се одлучија за ваков потег? Дали на денот на собирање на потписите излажаа за вкупниот број на собрани потписи? Дали на списоците можеби имало преклопување на одреден број потписи, едните депонирани во нотарски канцеларии а другите во подрачни одделенија на ДИК? На крајот, дали конечниот број на потписи не само што не е драстично поголем, туку и е помал од бројот на собрани потписи од страна на Стево Пендаровски?

„Доставувањето на пратеничките потписи покажа две работи: Првата е дека Силјановска Давкова не е натпартиски кандидат, туку единствено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и второ, дека Давкова и ВМРО-ДПМНЕ излажаа десетици илјадници граѓани кои со часови чекаа да се потпишат, а нивните потписи наместо за поддршка на кандидатурата, отидоа во ѓубре“.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕГордана Силјановска ДавковаДритон ЗенкуЕУизбориСАДСДСМСтево ПендаровскиЌенан Алиу
Next Post

Маричиќ во „Реално“: Анкетите од анкетарите на ВМРО-ДПМНЕ се далеку од реални, СДСМ ќе биде столбот за формирање на новата влада

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk