ДРАГАН МИШЕВ
Меѓу сите други небулозни оправдувања за трошењето народни пари за луксузни патувања со бизнис класа на народните претставници, во што се впушти широка палета на апологети на сегашната владејачка гарнитура, од медиуми, новинари, колумнисти, претседател на советот на град Скопје…го издвојумваме соопштението на матичната партија на премиерот со болни колена кој поради тоа морал да користи бизнис класа, во кое се вели:
Заврши времето кога нерационално се трошеа народните пари ?!
Значи за нив не е луксузирање луксузнo патување и скапи авионски карти од 20 000 евра, кои се платени од народни пари. Или различно е чувството за луксуз кога си во позиција и опозиција.
А за вечното оправдување дека и предходниците правеле исто, па и бетер… па за тоа ги изгубија изборите, ви текнува?
И секако, медиумите надолго и нашироко го пренесуваат.
И да не ја заборавиме огромната ботовска поддршка што ја имаат на социјалните мрежи при ваквите активности управувани од еден центар.
Како на пример, за сличен случај пред неколку години реагираа сосема обратно. Ако сега главно молчеа за случајот, а кога веќе мораше да излезе на виделина, заземаа курс на слепо спроведување на директивите за одбрана на ликот и делото на сегашниот премиер, за разлика, во 2017 година, до ниво на масовна хистерија го дигнаа патувањето на тогашниот директорот на државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев, со бизнис класа на Светскиот самит за авантуристички патувања во Буенос Аирес со буџетски средства. Донев се правдаше дека само до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци, додека на сите други патување летал со економска класа или со нискобуџетни летови. Донев подоцна вети дека ќе ги врати парите и беше разрешен од функцијата.
Исто како и некои портали, кој во изблик на креативност во обид, тогаш излегоа со наслов:
„Да му помогнеме на директорот Донев поевтино да лета, поевтино да нé чини“,
Истите сега можат да оштествено корисна акција со соодветен наслов, прилагоден на новата општествено – политичка реалност :
„Да му помогнеме на премиерот Мицкоски поевтино да лета, поевтино да нé чини“