ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Скопје 2014 „ѓавол“ и за буџетот во 2025, Груевски сè уште не ја напуштил Белата палата!

August 19, 2024 14:02
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Никола Груевски потроши над 700 милиони евра државни пари за контроверзниот проект Скопје 2014, а беа предвидени 80 милиони евра. Сегашниот премиер Христијан Мицкоски најавува завршување на проектот во буџетската 2025 година

Недоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ ќе се довршат и во буџетот за 2025 година ќе се предвидат пари за тоа. Но, дали тоа значи дека Владата на чело со Христијан Мицкоски и по една деценија продолжува да го негува и обновува Груевизмот во земјава?

Јани Макрадули

– Судејќи по првите кадровски и пиаровски потези, јасно е дека Груевски сè уште не ја напуштил Белата палата. Проектот „Скопје 2014“ стана симбол на уништувањето на градот кој сите го сакаме, одземајќи му го неговиот уникатен дух и шарм. Неговото продолжување ќе биде уште еден тежок удар врз нашата урбана култура и ново перење на пари. Прашањето што е модерно не треба да биде диктирано од вкусот на еден премиер, туку треба да го оставиме развојот на оние кои своето знаење и експертиза ги посветиле на оваа област. Македонија може да оди напред само ако секој си ја врши работата за која е стручен и посветен. Ако проектирањето на т.н. ново модерно се случува помеѓу срфањето на фактури за лекови во царина и испраќањето ВИП личности, тешко на градот, изајави за „Фронтлајн“, Јани Макрадули поранешен пратеник и висок функционер во СДСМ.

Проф. Башким Селмани – интервју за ЦИВИЛ Медиа фотографија: Дехран Муратов ( 18 декември 2023 год.)

Башким Селмани, универзитетски професор во изјава за „Фронлајн“ вели дека како и секоја друга влада, така и сегашната влада го дели менталитетот на претходните влади.

– Сите влади во минатото и сегашната секогаш ги имаа како основа своите интереси и партискиот менталитет, а не она што е граѓанско. Сите влади го зголемија јавниот долг на највисоко ниво, а сегашната влада наместо да даде приоритет на намалување на јавниот долг, подобрување на животот на граѓаните за да излез од длабоката економска криза – со продолжувањето на проектот Скопје 2014 – наведува дека правата на граѓаните и намалувањето на јавниот долг не се приоритети, туку едноставно проекти за партиски интереси кои не се поклопуваат со реалноста, кога се знае дека Македонија е една од земјите што треба да се потруди да биде поблиску до Европската Унија, која е единственото решение за напредокот на државата, вели Селмани.

Според него, два главни приоритети треба да се како основа: намалувањето на јавниот долг и целата енергија на оваа влада треба да се фокусира во напорите за членството на земјата во ЕУ.

– Сите соседни земји се движат економски, додека Северна Македонија и понатаму останува жртва на историјата. Ова е менталитет кој мора да се промени, но за жал Македонија сè уште има проблем со партискиот менталитет кој не се движи во вистинска насока, нагласува нашиот соговорник.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека недовршените објекти треба што поскоро да се завршат, оти го грдат лицето на главниот град, но дали ќе бидат во барок или во модерен стил, дополнително ќе се одлучува.

– Јас сум љубител на модерниот стил и би сакал тие згради и објекти да бидат час поскоро завршени само за да не го грдат лицето на главниот град, бидејќи се заборавени, изјави Мицкоски.

Проектот „Скопје 2024“ го спроведуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски за што беа потрошени над 700 милиони евра, за спомениците во центарот, изградба на нови објекти со квазинеокласични фасади и промена на фасадите на зградите во центарот од модерна во квазибарок. Над 30 милиони евра чинеше само промената во барок на фасадата на зградата на Владата, која оригинално беше еден од најзначајните примери на македoнската модерна архитектура.

По доаѓањето на СДСМ на власт во 2017, останаа недоградени неколку објекти: споменикот „Мајка Тереза“ кој е дивоградба и го блокира влезот на Плоштадот, зградата на ЕСМ, фасадата на „Пелагонија“, како и новите згради на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ. Фасадата на зградата на ЕСМ, која беше исто така значаен примерок од македонската модерна, почна да се менува во барок, но со промената на власта прекина и зградата e без фасада последниве седум години.

Дестан Јонузи

Tags: Башким СелманиВМРО-ДПМНЕЕУЈани МакрадулиСДСМСкопје2014
Next Post

Кривичен суд: Одговорноста за бегството на Блерим Рамадани треба да се бара кај МВР

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk