ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски како Груевски, сака избори – наместо решение за европската перспектива на државата!

November 4, 2024 13:21
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Откако премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања го предизвика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со предвремени парламентарни избори – во игра се вклучи и лидерот на интегративците Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Мицкоски треба да го одржи зборот за предвремени избори, кои би се одржале следната есен заедно со локалните.

Јани Макрадули

– Кога станува збор за ВМРО ДПМНЕ, секогаш е можно. Бидејќи дел од нивните градоначалници немаат ништо сработено, за жал, полесно е за нив да имаат генерална реторика, квази патриотска, отколку да се дебатира за реалните потреби на граѓаните, вели за „Фронтлајн“, Јани Макрадули поранешен пратеник.

Според Макрадули тоа претставува бегање од одговорност на ВМРО ДПМНЕ и обид да се забошоти, последната изборна измама. Затоа, не би ме изненадило ако тоа и се случи, нагласи тој.

Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) – во изјава за „Фронтлајн“ вели дека постојаното распишување на предвремени парламентарни избори го кочи развојот на државата.

Џелал Хоџиќ СДА Македонија

– Калкулациите за нови парламентарни избори, во моментот кога владата има речиси 2/3 мнозинство, како и опозиција која се води од политики за остварување на стратешките цели на државата (со исклучок на популистичката Левица), ќе го одложи носењето на тешките и непопуларни одлуки кои Владата мора да ги усвои на патот кон ЕУ. Дали ќе има парламентарни избори со локалните, ќе зависи од Премиерот дали ќе се одлучи да носи одлуки или ќе бега од одлуките со редовно распишување на вонредни парламентарни избори, како што тоа го правеше Груевски во 2008, 2011, 2014 и 2016-та година, вели Хоџиќ за „Фронтлајн“.

Ако ги следиме скандалите, додава тој, кои се случуваат секој ден, ако го анализираме несигурното однесување и паничните одговори на Премиерот на последните пратенички прашања од опозицијата, ако ги анализираме различните тонови по однос на Уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, помеѓу ДПМНЕ и ЗНАМ од една страна и дел од ВЛЕН од друга страна, јасно е дека власта во моментов нема концепт како ќе оди понатаму.

– Тоа во моментов е индикатор дека не се на јасно дали ќе се одлучат да носат тешки одлуки или ќе одат на предвремени парламентарни избори со локалните, додава Хоџиќ.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) во изјава за „Фронтлајн“ вели дека тешко е да се предвиди дали идната година ќе имаме предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори, или се работи само за реторика на препукување меѓу лидерите на политичките партии која служи за одржување на мобилизацијата на партиските симпатизери и поддржувачи.

Петрит Сарачини
Петрит Сарачини

– Оваа тема ја отвори премиерот Мицкоски за време на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот, а потоа и лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети изјави дека Мицкоски е на тест дали е човек кој стои на зборот или тоа го кажал само за да ја исплаши македонската опозиција. Дали ќе има парламентарни избори со локалните, во голема мера ќе зависи од тоа дали владејачките партии ќе успеат да ја одржат стабилноста на нивната коалиција. Во изминатите неколку месеци видовме дека меѓу нив имаше и јавни несогласувања за неколку прашања кои беа прилично доминантни во јавноста, како на пример прашањето на „балансерот“, Академијата на Албанците, законот за јазиците, па и уставните измени, анализира Сарачини.

Според него, останува впечатокот дека овие несогласувања меѓу владејачките партии се привремено стишани, но не и надминати.

– Доколку овие несогласувања продолжат и се засилат, се отвора и можноста за двојни избори идната година, подвлече Сарачини.

Мицкоски повикот за предвремени парламентарни избори го упати одговарајќи на пратеничко прашање од Филипче, откако првиот социјалдемократ го повика премиерот и лидер на владејачката ВМРО ДПМНЕ да се повлече од функцијата бидејќи, како што рече, ги погазил своите ветувања.

– Ако сакате да одиме на избори, да се провериме заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но, да не се удавите во длабокото, каде што ве носат – одговори Мицкоски.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговори на повикот од премиерот Христијан Мицкоски кој од собраниската говорница го упати до претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

– Да видиме дали ќе држи до зборот или ова го кажа само за да ја уплаши опозицијата на Македонците – рече Ахмети на средба со граѓаните на Боговиње.

Но, и покрај оваа дебата, Премиерот се повлече од предлогот за предвремени парламентарни заедно со локални избори 2025 година.

„ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме“, е пораката што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја испрати на прозивката од Али Ахмети кој рече дека Мицкоски „добро да се подготви за догодина“ доколку има предвремени парламентарни избори.

– Јас разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозиција, исплашени дека конечно ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борба против криминалот и корупцијата. Знаат сè што имаат правено во изминатите 20 години, свесни се и знаат дека полека но сигурно доаѓа денот кога ќе треба да бидат одговорни. Како резултат на тој страв, тие непринципиелно се храбрат и мислат дека на тој начин ќе магнетизираат повеќе гласачи, рече Мицкоски.

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да се подготви за уште долго време во опозиција, откако Ахмети претходно повика на парламентарни, заедно со локалните избори следната година.

– Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата, изјави Меџити.

Последните парламентарни избори се одржаа на 8 мај, а по нив ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја формираа новата Влада на Северна Македонија. СДСМ и ДУИ, по седумгодишно владеење, заминаа во опозиција.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕВредиДУИЕУизбориЈани МакрадулиПетрит СарачиниСДСМЏелал Хоџиќ
Next Post

ЕК бара усогласување на „Apple iPadOS“ со обврските од Законот за дигитални пазари на ЕУ

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk