ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Дерала за Слободен печат: Истрајноста на ЦИВИЛ е во успешноста да детектира и нуди решенија за најголемите предизвици во општеството

December 2, 2024 12:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Share on FacebookShare on Twitter

– Патувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода сиве овие 25 години од нашето основање во македонското општество, ако може накратко да се опише најсоодветно би требало да се каже дека беше исклучително тешко или малку жаргонски речено „оф-роуд“. Тоа е така бидејќи станува збор за секојдневна макотрпна работа од четвртина век од нашето основање. Работа исполнета со безброј предизвици на дневна основа во која ЦИВИЛ беше активен секој ден. За сето ова време испорачавме над стотици успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички дијалог и еден од темелите на општествениот дискурс.

Ова меѓу другото го истакна претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала при неговото гостување во „Слободен печат“.

– Нашето патување е далеку од завршено, и ние со нетрпение ќе се соочиме со уште поголемите предизвици, но и достигнувања што се пред нас. Како организација се нафативме да работиме со најтешките, најделикатните теми кои предизвикуваат страв и поделби во општеството поради кои се обидуваме да ги премостиме и да ги донесеме луѓето, поединците, но и групите како и другите чинители на една маса да разговараат за решенија – вели Дерала и воедно се заблагодарува до сите оние кои ја поддржаа Организацијата и учествуваа во нејзината мисија сиве овие години.

Дерала посочува дека напорите на Центарот за слобода допреа илјадници животи низ сите заедници, надминувајќи ги етничките, верските, политичките и социјалните граници.

Како што појасни претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на организацијата, 25-годишниот јубилеј организацијата сепак работно го поминува и тоа со организирање на голема меѓународна конференција именувана „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што ќе се одржи во Скопје, на 11 и 12 декември.

– На меѓународната конференција се очекува учество на повеќе од 25 говорници и тоа од 11 земји, дел од Европа, САД но и Македонија. Конференцијата има интересен концепт, а темите за дискусија ќе бидат поделени во четири панели и тоа: Демократијата под опсада, растот на крајно-десничарскиот национализам, авторитарните тенденции во Европа и светот како и последниот панел кој ќе се однесува на граѓанското општество и медиумите, што тие можат да направат за одбрана на демократијата – појаснува Дерала.

Претседателот на ЦИВИЛ објаснува дека конференцијата не е изолиран настан, туку е иницијатива на ЦИВИЛ и германските партнерски организации „Медиа Дијалог“ и „Youth4Media“, поддржана од Владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Според Дерала, конференцијата во Скопје се најде на светската мапа на настани по повод датумите за одбележување на човековите права и слободи, и е дел од официјалната програма на Неделата на човекови права, иницијатива на Северна Рајна-Вестфалија.

Tags: Слободен ПечатЦИВИЛЏабир Дерала
Next Post

Македонија ќе ни ја распукате како зрел карпус фрлен на студениот плочник на Широк Сокак па натаму, натаму како сакате

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk