ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Зошто Ахмети стана етно-националист, што се промени во „неговата татковина“?

January 13, 2025 14:02
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, веднаш по завршувањето на вооружениот конфликт во 2001 година и неговото влегување во политиката, изјави дека тогашна Македонија, сегашната Северна Македонија, е и негова татковина и дека ќе се залага неговата татковина да биде стабилна и просперитетна земја.

За време на 20-годишното владеење на неговата партија, некогаш со СДСМ, некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети постојано ја повторуваше фразата дека Албанците треба да стојат покрај Македонците и обратно во сите нивни предизвици во оваа како што нагласуваше, „заедничка држава“. Но, со преминот на неговата партија во опозиција по 20 години поминати на власт, политичкиот речник на Али Ахмети се промени. Тој сега ја гледа државата како „закана“ за колективните права на Албанците.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) во изјава за Фронтлајн вели дека секогаш кога се во опозиција, голем дел од партиите во земјава ја засилуваат етно-националистичката реторика, надевајќи се дека тоа ќе им донесе повеќе гласачи на изборите.

Петрит Сарачини
Петрит Сарачини

– За жал, најчесто успеваат во тоа, на штета на граѓаните, без оглед на нивната етничка припадност. ДУИ и Али Ахмети очигледно не се исклучок од ова правило. Но, да потсетиме, кај нив оваа реторика се засилуваше во повеќе наврати и додека беа на власт, особено за време на заедничкото владеење со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога и двете владејачки партии ја користеа ваквата реторика и етничките поделби, особено пред изборите, за да ги мобилизираат гласачите. Овој пат, освен ова, причина за засилувањето на етно-националистичката реторика на Али Ахмети и ДУИ е и обидот да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните коруптивни афери и истраги во кои се осомничени високи функционери на оваа партија, вели Сарачини.

Политикологот Благојче Атанасоски смета дека ДУИ од партија која се прокламира за државничка и евроатланска, фактор на стабилност, се престорува во партија која исфрла националистички тези и реторики.

– Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и самата партија ДУИ ја менувале реториката согласно тоа дали биле на власт или опозиција. Од своето формирање до сега биле само две години во опозиција (2006-2008), и од јуни минатата година до сега. Од партија која се прокламира за државничка и евроатланска, фактор на стабилност се престорува во партија која исфрла националистички тези и реторики. Тоа е одлика на очајност во оваа политичка партија, но и национализам како единствено прибежиште на тие што не можат да предложат ништо друго на својот етнички гласачки електорат, изјави Атанасоски за Фронтлајн.

Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ повика ДУИ конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните.

Агрон Демири,

– ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи. СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на сите етнички заедници. Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ а значителен број Албанци гласаат за нашата партија. Затоа што препознаваат искреност и посветеност кон доброто на сите граѓаните но и кон добрите меѓуетнички односи, вели Демири.

Тој рече дека со своите неодговорни политики, ДУИ му овозможува на ВМРО-ДПМНЕ дополнително да ја дестабилизира ситуацијата и да профитира политички.

По минатогодишните парламентарни избори, кога ДУИ премина во опозиција, иако имаше неколку пратеници повеќе од тогашната опозициска коалиција, сега на власт, ВАЛЕН – го оспорува нивното учество во Владата, нарекувајќи ги нелегитимни.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Али АхметиВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИНикола ГруевскиопозицијаСДСМ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

June 2, 2025

Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

June 2, 2025
Генерирано со ВИ

На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk