ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

May 19, 2025 10:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во блокот на политички партии на Албанците се води битка! Во меѓувреме, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари одлучи конечно да се раздели со премиерот Христијан Мицкоски. Но, последниов очигледно не може да го прифати фактот за „разделба“ од Таравари, па не одбира зборови да го нападне оној што до вчера го фалеше.

– Замислете каква стратегија, ако бројот на советници треба да ме убеди дека јас треба да ја земам ДУИ во влада, а не принципите, програмата и заедничките цели. Мислат дека ќе заборавам како Бујар Османи го продаде мојот македонски идентитет? Мислат дека така ќе помине? Но, ова е тоа, Арбен реши да биде алатка на ДУИ и да ги задржи во политичкиот живот сите оние за кои тој лично зборуваше најлошо. Навистина грев. Но како што решиле нека продолжат. Не сум загрижен, можам само да бидам разочаран, но ова нема да ја промени мојата верба во луѓето и нивниот збор, рече Мицкоски.

Арбен Таравари го коментираше говорот на премиерот Христијан Мицкоски кој го критикуваше за неговата одлука да ја напушти Владата.

Таравари накратко пишува: „Вистинската моќ е народот. Се гледаме во октомври, кој е блиску…многу блиску!“

Тој исто така изјави дека е горд на излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата и рече дека ќе победат на локалните избори во октомври.

– Горд сум на секој од вас кој е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас кои останавте цврсти при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашиот серијал не е успешен, ние сме гордо посилни од било кога. Запомнете, ние сме победници во октомври, вели Таравари.

Демократската унија за интеграција реагира на изјавата на премиерот Хрситијан Мицкоски.

„Мицкоски продолжува да ги дели Албанците на „добри“ и „лоши“, оваа реторика ја обединува албанската политичка сцена против него. Премиерот Мицкоски во својот последен јавен настап уште еднаш се вклучи во опасна реторика на поделба и дискриминација, овојпат насочена кон Албанците. Националистичката агенда која има за цел да создаде покорни, послушни, тивки и украсни Албанци, ДУИ јавно предупредува дека оваа реторика не само што е опасна, туку веќе дава спротивен ефект: ги обединува Албанците, ги зближува дури и најголемите политички противници околу една заедничка цел, заштита на достоинството, политичката автономија и иднината на државата, меѓу другото“.

Од друга страна, и партиски експоненти на Таравари кои се привлечени од владините позиции и не сакаат да ја напуштат владата по партиската одлука, туку флертуваат со другите три партии од коалицијата ВЛЕН (Движењето БЕСА, Демократско движење и Алтернатива), за да изгледа дека нивната битка не е за власт, туку за нивната кауза против ДУИ, вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, заедно со уште неколку експоненти и функционери на Алијанса за Албанците, кои не ги прифаќаат партиските одлуки, но сакаат да бидат блиски со Мицкоски, се сретнаа со премиерот на Косово, Албин Курти.

– Заедно со некои пријатели идеалисти од Алијансата за Албанците тргнавме кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална поврзаност. Таму во Приштина имавме братски разговор со нашиот пријател Албин Курти. Она што нè обединува денес, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој, идеал кој не познава граници и пречки, вели Фетаи.

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити изјави дека опортунистите на политичката сцена поттикнале раздор во коалицијата ВЛЕН, но дека според него, ВЛЕН ги отфрлил овие, како што вели Меџити, напади. Коментирајќи го развојот на настаните во Алијансата за Албанците, тој вели дека АА ќе излезе посилна од оваа ситуација.

Пратеникот на Алијансата за Албанците Салим Сулејмани соопшти дека дава оставка од сите функции во партијата, но и од функцијата пратеник во Собранието на Северна Македонија. Тоа значи дека бројот на пратеници на Алијансата за Албанците се намалува од пет на четворица, со што Аребен Таравари не може да има своја пратеничка група.

Но, како што дознава Фронтлајн од партиски извори блиски до коалицијата ВЛЕН, Сулејмани се откажал од функцијата пратеник со ветување дека ќе биде назначен за амбасадор на Северна Македонија во Саудиска Арабија.

Заменик директорот на Царинската управа во заминување Гарип Каба преку објава на социјалните мрежи објави дека се уапсени неговите два сина. Каба вели дека биле уапсени бидејќи, како што пишува, наводно му се заканувале на Салим Сулејмани.

Според листата на пратеници во петтата ИЕ што ја имаше ВЛЕН на парламентарните избори, по Салим Сулејмани доаѓа педијатарот Валбона Адили-Емини, која е кадар на Движењето БЕСА. Следствено, пратеникчка ќе стане Адили Емини, со што коалицијата ВЛЕН и официјално би добиле 10 пратеници во парламентарното мнозинство, по заминувањето на Таравари. Истовремено, ова ќе оневозможи Алијанса на Алабанците да создаде пратеничка група, бидејќи со сегашните бројки, помалку од пет пратеници, не може да создаде пратеничка група во Собранието.

Но партиски извори во Алијанса за Албанците за Фронтлјан велат дека и за ова имало, како што велат „лек“, најавувајќи пратеничка група. Од таму не дават повеќе информации кој би бил петтиот пратеник на нивната пратеничка група.

Дестан Јонузи

Tags: Арбен ТаравариВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИХристијан Мицкоски
Next Post

Милан нема да игра во европските натпреварувања за прв пат од 2019 година

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk