ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

21: Помош за работниците и работодавачите, 200 милиони евра е стратешка одлука, Мицкоски тера политиканство, ситуацијата е сложена

Преглед на вести до 21 часoт

March 31, 2020 20:15
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ДА ПОМОГНЕМЕ на работниците, да помогнеме на работодавачите и на тој начин да си помогнеме и самите на себе, како граѓани генерално, нагласи Спасовски, во емисијата Топ тема образложувајќи ги вториот сет на економски мерки што денес ги донесе Владата.

КРИЗНИ штабови за справување со Ковид-19 и на ниво на месни заедници. Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска се одржа конститутивната седница на Координативно тело за координирањето на штабовите на единците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје), за справување со заканата од Ковид-19, информираат од СЕП.

ВТОРИОТ сет економски мерки треба да им помогне и на компаниите и на работнците, истакна потпретседателот на СДСМ, техничкиот премиер Оливер Спасовски, во текот на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

КОЈ го политизираше судството за што денеска обвини ДУИ? Иако од 2008 се на власт, а долгу време раководеле со министерството за правда, партијата на Али Ахмети обвинува дека некој дава наредби во судот за политички одлуки против нивни функсионери. Но содржините на илегално прислушкуваните разговори сведочат на нешто сосема спротивно.

РАДУВАЈТЕ СЕ, Мицкоски го има лекот за спас на економијата?! – коментира Јане Ѓорѓиоски. Мицкоски, со кој памет човече споредуваш економија која едвај последниве две години поткрена глава од девастираната состојба која ја оставивте во 2017 година, со силна економија и држава која има најголем БДП по глава на жител од сите земји што од 2004 година влеле во ЕУ?

КОЛКУ помалку ќе трае оваа криза толку подобро ќе биде за економијата. Одлуката за 200 милиони евра е стратешка одлука на Владата, а во една криза како оваа секако дека по здравствената многу важна и економската страна, истакнува премиерот Спасовски.

НЕКОГАШ Ахмети бараше правда за секој што згрешил, денеска правдата била селективна. – пишува Арбен Зеќири.

СИТУАЦИЈАТА останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, изјави претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.

ДОДЕКА Христијан Мицкоски тера политиканство, Владата се бори против коронавирусот и донесе вистински мерки за сите!, истакнуваат во соопштението до јавноста од СДСМ.

МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче денеска изјави дека капацитетите за тестирање на граѓаните за коронавирусот во следните денови ќе се зголеми речиси за две третини имајќи ја предвид дополнително можноста за тестирање во приватните болици, донации и работата на мобилните тимови.

ОТКУПНАТА цена на зелката до 20 април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски со откупувачите на зелка.

МИНИСТЕРСТВОТО за информатико општество и админстрација, ја демантира заменската министерка Невенка Стаменковска Стојковски – Извештајот на вработени во јавниот сектор ја прикажува реалната бројка.

ДОДЕКА целата држава, сите институции, целата нација со сите сили се борат против заканата од коронавирусот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени само на политичко профитирање во време на здравствена криза, истакнува Стефан Васев од СДСМ.

ДОПОЛНИТЕЛНИ осум милиони евра се обезбедуваат преку Развојната банка за поддршка на микро, малите и средни претпријатија за обртни средства и околу 50 милиони евра за заштита на ликвидноста на претпријатијата.

Next Post

Спасовски: Реакции имало и ќе има, донесовме мерки кои се директна помош и за компаниите и за работниците

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk